Етнички Македонци во Албанија
 
 
 
 
 
 
Јазикот дома и на училиште
 
 
 
 
Јазикот дома и на училиште

Јазикот дома и на училиште

 

Село Требиште е на самата граница со Македонија. Селото е дел од Голо Брдо, регион населен со етнички Македонци од православна и исламска вероисповест. И до него се стигнува по речиси час и половина возење по неасфалтиран пат, кој се одвива од магистралниот пат кон Дебар.

Многумина од жителите се иселени во Тирана и во Драч, на албанскиот брег од Јадранското море.

Селаните од Требиште зборуваат на македонски јазик, но во училиштето учат на албански. Велат дека никогаш до сега не побарале настава на мајчиниот јазик.

Помладите, со личните документи во кои стои дека се Албанци, одат на печалба во Грција. „Одат во селата каде се зборува македонски, бидејќи така им е полесно да се снајдат", велат селаните.
 
^^ Оди на почетокот Дома >>Одете на главната страна на BBC Macedonian