Македонското малцинство во Грција
 
Неуништлива песна
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Неуништлива песна

 


Традиција во селото Забрдени, по македонски, или Лофи како што се вика на грчки, трае триесетина години.

Претходно поради притисокот од грчките власти, македонскиот фолклор бил потиснуван, посебно пеењето со македонски зборови.

Музичарите, кои свиреле во леринско, воденско и костурско, велат дека сега властите не ги попречуваат да пеат, но оти се уште има Грци кои ги обвинуваат.

Жителите на Забрдени забележуваат дека напредувањето околу прашањето на правата на македонското малцинство, официјално непризнаено во Грција, оди бавно - но сепак очигледно, ако се суди според фолклорот.

Македонскиот јазик се проби на локалните слави во Егејска Македонија бидејќи како што велат „песната никој не може да ја уништи".
 
^^ Оди на почетокот Дома>>