Би-Би-Си на македонски |Вашите мислења
 


На судењето, започнато во Хаг на 12 февруари 2002, поранешниот југословенски претседател е обвинет за кршење на човековите права на Косово, во текот на судирот со етничките албански герилци во 1999. Обвинувањата произлегуваат и од војните во Босна и во Хрватска.

 

Милошевиќ планираше, поттикнуваше, наредуваше и на други начини го помагаше и нудеше помош во планирањето, подготовките на прогонот на Хрватите и другите не-српски цивили
    од обвинувањето за Хрватска    
       

Слободан Милошевиќ ќе биде суден според обвинувањата поврзани со војните на Косово, во Босна и Хрватска. Решението да се одржи еден единствен процес е победа за обвинителството, кое се противеше против претходната одлука за одвојување на обвинувањата за Косово од другите.

Милошевиќ и четворица негови наблиски соработници се обвинети за наредби на масакр на 500 Албанци од селата како што се Рачак и Избица.

Тие се исто така обвинети за депортација на 740,000 етнички Албанци од Косово - речиси една третина од албанското население во покраината.

По падот на Сребреница во јули 1995, речиси сите заробени муслимани, мажи и момчиња, вкупно на број неколку илјади, беа погубени
    од обвинувањето за Босна    
       

Милошевиќ исто така е обвинет за геноцид, во врска со војната во Босна од 1992-1995, а има и натамошни обвинувањата кои произлегуваат од војната во Хрватска, водена од 1991 до 95.

Изменетото обвинување ги зема предвид масовните гробници крај Белград, а додадени се и нови дела - поттикнување на сексуално насилство, за кои се тврди дека се извршени од српски војници.

Критичарите на тројното обвинение сметаат дека новите обвинувања не требаше да бидат додадени на првичното обвинение, кое послужи и како правна основа за испорачување на Милошевиќ во Хаг.

 

 

 

Кликнете на сликата да дознаете повеќе

 

 
ОБВИНУВАЊА ЗА ГЕНОЦИД
 
Милошевиќ се соочува со 66 обвинувања за злосторства против човечноста, повреда на правото и правилата на војната, како и за геноцид. Му се заканува казна доживотен затвор, доколку биде прогласен за виновен.
 

 

 
ДЕФИНИЦИЈА ЗА ГЕНОЦИД
 
Терминот за прв пат е употребен во 1943 од страна на адвокатот Рафаел Лемкин, полски Евреин. Изведен е од грчкиот збор "генос" (раса, племе) и латинскиот "cide" (да убиеш). Обединетите Нации го прифатија како кривично дело утврдено со меѓународното право од 1951.
 

 

 

 

 

На почеток


BBC