Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 17. Февруари 2011 - Објавено на 08:59 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Од македонскиот печат, 17.02
 
Апарат за ултразвучна дијагностика
Пописот, здравството и политичките случувања на насловните страници на денешниот печат.

„Попис како за во 1903“ е насловот во ШПИЦ по одлуката на шестмина албански и двајца членови од турската задница да ја напуштат Пописната комисија незадоволни од начинот на кој се бираат попишувачите.

УТРИНСКИ ВЕСНИК пренесува реакции на некои клиники и болници кои, според весникот, обвинуваат дека барањата за нови апарати им останале само пусти желби.

Таму каде што веќе е испорачана опремата од владиниот проект вреден 70 милиони евра се жалат дека не го добиле целиот пакет што им бил ветен.

„Шуто Оризари - можно жариште на сида“ е насловот во ДНЕВНИК под кој е пренесено предупредување од здравствените власти дека мора да се згрижат нарко-зависните кои се потенцијални пренесувачи на заразни заболувања.

Кале

По случајот „Кале“, УТРИНСКИ ВЕСНИК прашува „Каде се духовниците да повикаат на разум?“

Во НОВА МАКЕДОНИЈА читаме прва изјава на Паско Кузман по инцидентот на Кале но не за настанот туку со најава дека Македонија ќе бара од други држави да се вратат артефакти најдени овде.

НОВА МАКЕДОНИЈА анализира дека „за неколку години може да се случи повеќето граѓани да имаат факултетско образование, а да нема кој да зашие патент, да исчисти оџак.

Авион на „Виз-ер“

Весникот заклучува: „Ни фалат работници и покрај армијата невработени“.

Сообраќај

Со фотографија на насловната, денешен ДНЕВНИК го илустрира вчерашниоот протест на скопските таксисти пред Владата кој е ставен во мирување откако добиле ветување дека државата ќе стави ред во, како што се оценува, хаосот во овој бизнис.

ШПИЦ пишува за влезот на првата нискобуџетна авионска компанија на македонскиот пазар која најавува авионски билети од Скопје до Лондон за 35 евра но предупредува и дека има и други трошоци.

Во ДНЕВНИК читаме дека продолжува регистрацијата на интернет странички со доменот „.мк“ отако Уставниот суд во декември лани го укина правилникот според кој се вршеше регистрацијата.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>