|
Четврток, 5 ноември
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Весниците во Македонија продолжуваат со анализа на актуелните случувања поврзани со надминувањето на спорот околу името и
европската интеграција.
Така, на насловната страница на ДНЕВНИК се пренесува ставот на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски дека бил погрешно пренесен од луксембуршкото министерство за дипломатија, околу надежта за брзо решение на за името. Како последна вест во весникот се наведува дека посредникот во спорот Метју Нимиц бара нова средба со преговарачите некаде меѓу 16 и 22 месецов. Покана УТРИНСКИ пишува за поканата од македонскиот до грчкиот претседател за посета, а се пренесуваат и активностите во Европскиот парламент кој што, како вели весникот, подготвува резолуција во која ќе се бара брзо решавање на спорот во име на добрососедството, а и определување на датум за Македонија на Министерскиот самит на ЕУ. УТРИНСКИ ја најавува денешната седница на Собранието на МАНУ. „Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Георги Старделов, вчера потврди дека на денешната седница на Собранието на институцијата ќе бидат решени сите дилеми со енциклопедијата и тоа без одложување, ќе биде разрешена старата редакција на изданието и ќе почне оформувањето нова редакција“, пишува УТРИНСКИ. Бездна? ДНЕВНИК пишува за економијата насловувајќи „Буџетската дупка како бездна“. „Пензионерите дури денеска ќе ја земат пензијата, два дена по последното задолжување на Владата преку државни записи.“, најавува весникот, и додава: „Се почесто се шпекулира дека пензиите се главната причина за емисиите на државни записи и обврзници.“ |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||