|
Конференција за Либија во Лондон
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
Делегатите од дузина земји се собираат во Лондон на конференција за иднината на Либија. Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг рече дека сака полковникот Гадафи да се откаже од власта и да се соочи со Меѓународниот кривичен суд. Хејг настојуваше дека сепак она што ќе се случи со полковникот Гадафи зависи од самите Либијци. Тој рече дека арапските земји ќе бидат добро претставени на лондонската средба и дека поширокиот свет се здружува околу Либија, а не само западните сили. Хејг и американскиот државен секретар Хилари Клинтон се сретнаа со претставник на либиската опозиција во Лондон, иако бунтовниците нема да присуствуваат на самата конференција. Претходно, американскиот претседател Обама рече дека проширувањето на воената мисија во Либија преку заштитата на цивилите, кое би вклучило смена на режимот, би било грешка бидејќи би ја разделило коалицијата. Обама рече дека Либија би била подобро место без полковникот Гадафи но Соединетите држави не можат да си дозволат човечки и материјални трошоци за уште една војна. Претседателот рече дека американскиот народ треба да биде горд да на воената интервенција во Либија бидејќи таа сопрела масакр на цивили. Воена состојба Бунтовниците во Либија велат дека силите лојални на Моамер Гадафи користеле тешки орудија против нивното напредување кон западниот дел од крајбрежјето. Герилците брзо напредуваа последниве денови, помогнати со меѓународните воздуши напади, и успеаја да освојат неколку градови меѓу кои Бин Џавад. Но нивното напредување долж брегот е сопрено источно од градот Сирта, родното место на полковникот Гадафи. Еден извештај сугерира дека силите на Гадафи ги потиснале герилците педесетина километри кон градот Нофилија. Претходно, портпарол на американскиот Пентагон во Вашингтон, вице-адмиралот Бил Гортни, рече дека бидејќи либиските герилци
не се добро организирани, секакви воени добивки што ги направиле ќе бидат привремени. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Погоден родниот град на Гадафи28 Март, 2011 | magazine
НАТО го презема небото над Либија25 Март, 2011 | Вести
Гадафи вети победа иако нападите течат23 Март, 2011 | magazine
Притисокот врз Гадафи продолжува22 Март, 2011 | Вести
Погоден објект на полковникот Гадафи21 Март, 2011 | Вести
Франција, Британија и САД почнаа напади врз Либија18 Март, 2011 | Вести
ОН разгледуваат резолуција околу Либија17 Март, 2011 | Вести
Офанзива на силите на Гадафи14 Март, 2011 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||