|
Речиси 11 илјади загинати во Јапонија
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
Операторите на атомската централа во Фукушима, оштетена од земјотресот во Јапонија и последувателниот бран „цунами“ велат
дека високо радиоактивна вода за прв пат е откриена надвор од објектот.
Водата во тунелот кој се отвора на капаците блиску до морето покажува степен на озраченост еднаква на највисоката откриена во водата внатре. Службени лица велат дека нема знаци оти таа дошла до океанот. Секретарот на кабинетот Јукио Едано изјави дека приоритет за Фукушима е да сопре озрачената вода да протече во почвата или морето. Претходно тој рече дека вчерашниот страв од радијација во истиот реактор бил предизвикан од делумно топење на прачките со гориво. Инаку, бројката на загинати во потресот и бранот цунами од пред две и пол недели се покачи на речиси 11 илјади а за исчезнати се сметаат повеќе од 17 илјади. Властите на општината Мијаги проценуваат дека ќе им бидат потребни три години за да расчистат. Дописникот на БиБиСи во Рикузентаката, оштината Ивате, вели дека монтажни куќи се опремуваат со струја, но дека засега во нив има место за само 150 илјади преживеани. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Опадна зрачењето во токиската вода24 Март, 2011 | Вести
Јапонија го подигна нивото на атомска тревога18 Март, 2011 | Вести
Јапонија го засилува ладењето17 Март, 2011 | Вести
Непредвидлива состојба во Јапонија16 Март, 2011 | Вести
Опасност од зрачење во Јапонија15 Март, 2011 | Вести
Нова експлозија во реакторот Фукушима14 Март, 2011 | Вести
Стотици жртви во јапонското цунами11 Март, 2011 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||