|
Берлускони повторно пред судот
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони се појави пред судот во Mилано поради обвиненијата за корупција. Ова е прв пат последнава деценија како Берлускони лично излегува на суд. Во моментов тој е обвинет во четири различни случаи. Сивата зграда на правдата денеска беше опколена од полиција и медиумски екипи кои ја чекаа лимузината со која пристигна Берлускони. Премиерот веднаш влезе во подземниот паркинг a potoa se упати кон судницата. Тој е обвинет за дело кое во италијанските закони се нарекува „фискална измама“. Обвинет е всушност дека наводно пред даночните служби прикажал напумпани цени по кои откупил телевизиски права за неговата медиумска компанија. Разликата на парите земени по основа на данок, според обвинението, ги употребил за да финансира политички проекти. Во телевизиско интервју Берлускони рече дека обвиненијата се смешни и неосновани. Три од посебните случаи против него вклучуваат корупција, а во едно од нив тој е обвинет дека и' плаќал на малолетна проститутка за секс. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Што е „бунга-бунга“15 Февруари, 2011 | Вести
Профил: Берлускони15 Февруари, 2011 | Вести
Ќе има судење за Берлускони15 Февруари, 2011 | Вести
Берлускони ги осуди „гнасните“ обвинители09 Февруари, 2011 | Вести
Можен судски исход09 Февруари, 2011 | Вести
„Рубигејт“ го следи Берлускони21 Јануари, 2011 | Вести
Берлускони во нова афера14 Јануари, 2011 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||