|
„Не ми го купуваат ЦД-то!“
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
Гневен и отворен, но секогаш со големо срце, Боб Гелдоф е еден од најпрепознатливите палавковци на музичката сцена.
Но човекот некогаш наречен „Нелсон Мандела на попот“, веројатно е повеќе познат по своите напори да го нахрани светот, одошто по песни како „Не ги сакам понеделниците“ или „Стапица за стаорци“. Долгото отсуство од студијата исто така не му помогна. Последните десет години ги помина одгледувајќи ги децата и водејќи кампања за земјите западнати во долг, но конечно најде време да состави еден нов албум. „Како да се компонираат популарни песни кои ќе се продаваат“, инспириран од неговата љубов за блузот, „Лед цепелин“ и „Капетан Бифхарт“, излезе минатиот месец и наиде на позитивни критики. Но Гелдоф, роден како Роберт Фредерик Зенон Гелдоф, вели дека публиката не била заинтересирана. -„Албумот отпрво беше наречен ’58 и 1/2’, бидејќи тоа беа моите години кога го завршив. Но бев кај еден другар а тој имаше книга од 30-те години, наречена ’Како да се напишат популарни песни кои ќе се продаваат’. Човекот што ја напиша, Лесли А.Шепард, има различни рецепти како ’користете го Г-дур за танц и ведра музика. Фантастична книга, па само ја сликав корицата и...тоа е албумот“, вели Гелдоф. -„Би сакал луѓето да го купуваат, па како ќе заживее ако не го чујат? Тоа е музичкото зен-прашање: ако сте ја напишале најдобрата песна во историјата на рок-ен-ролот, и ја оставите гитарата, дали таа е воопшто напишана? Би сакал да го слушнат, но мислам дека нема. Чудно, но луѓето ги купуваат моите дела, па свирам доста по светот, освен во Англија, каде воопшто не им е грижа. Може да истакнете постер со ’Вечерва: Боб Гелдоф’, луѓето ќе го видат и ќе речат...’па добро...’ и ќе се заминат со зборовите: ’А што ќе свири? Пак ќе ни дрдори за Африка?“ |
||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||