Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 25. Март 2011 - Објавено на 12:56 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Фуле: Македонија може да заостане со интеграциите
 
Евро-комесарот Штефан Фуле
Евро-комесарот за проширување Штефан Фуле бара да се реши спорот за името и во тоа Македонија не смее да штеди напори.

Писмената изјава на Фуле по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски во Брисел во Македонија различно се толкува се’ до мислењето дека се доведува во прашање препораката за отпочнување на пристапни преговори со Унијата.

Евро-комесарот Фуле смета дека е клучен момент земјата да го одржи темпото на реформи, а европската агенда да се врати на вистинскиот колосек.

Во однос на блокираниот политички дијалог Фуле на средбата побарал засилени напори од Груевски и Црвенковски да се најде заеднички договор за излез од сегашната тешка состојба.

„Тоа е клучно во постигнувањето консензус за државните прашања, а исто така и основа подготовките за претстојните избори да бидат транспарентни, а изборниот процес спроведен по меѓународни стандарди“, стои во изјавата на Фуле.

Тој побарал преиспитување на мерките што земјата презема за да се спречи злоупотребата на визниот режим и сите неопходни мерки за ограничување на неоснованите барања за азил.

Еврокомесарот Фуле, кој денеска во Брисел се среќава со новиот црногорски премиер Игор Лукшиќ и косовската министерка за ЕУ интеграции Влора Читаку, најавил скорешна посета на Македонија.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Груевски во Брисел
24 Март, 2011 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>