Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 14. Февруари 2011 - Објавено на 14:16 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Бучи: Бев на Кале од конструктивни причини
 
Скопје, Кале, photo Dnevnik

Ден по инцидентот на Кале, каде се судрија две групи на граѓани, Македонци и Албанци, за и против изградбата на црквата музеј, политичките партии повикуваат на смирување на тензиите.

Експертите проценуваат дека полицијата не се снашла на теренот што се должи на некоодинираност или нејзина политичка употреба.

Телевизиските камери снимија како заменик министерот за внатрешни работи, Џевад Бучи, кадар на албанскиот владин партнер ДУИ, ослободува демонстрант кој бил приведен од униформиран полицаец.

Бучи за БиБиСи вели дека бил таму за да ја смири ситуацијата.

Полицијата која изминатите годнии помина повеќе обуки од експертите на ЕУРОПОЛ, според Владимир Пивоваров, универзитетски професор и поранешен полициски функционер не успеа да се снајде на терен:

 Полицијата не се постави на време соодветно. Требаше да биде активирана Единцата за брзо распоредување предходно и да не дозволи контакт. Во оваа ситуација сметам дека заменик министерот за внатрешни работи треба да понесе најголема одгворност со тоа што практично тој присилно ослободи лица кои учествувале во насилство. Најмалку што треба да направи претседателот на владата да го предложи за разрешување и да биде разрешен
 
Павле Трајанов

„Службеното лице не смее да изврши наредба која претставува кривично дело, а видовме дека се изврши таква наредба. Тоа е оној загрижувачки факт во нефункционирањето на институциите во Република Македонија“, изјави Пивоваров.

Осуди

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија ги обвнини премиерот Никола Груевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска дека ја посрамотиле полицијата и дозволиле да изгледа неорганизирано и хаотично.

Додека СДСМ смета дека албанскиот коалиционер ДУИ и заменик министерот Џеват Бучи ги злоупотребија институциите.

И коалиционерот на Груевски, лидерот на Демократскиот сојуз и поранешен министер за внатрешни работи Павле Трајанов оценува дека полицијата имаше лоша проценка на теренот.

„Полицијата не се постави на време соодветно. Требаше да биде активирана Единцата за брзо распоредување предходно и да не дозволи контакт. Во оваа ситуација сметам дека заменик министерот за внатрешни работи треба да понесе најголема одгворност со тоа што практично тој присилно ослободи лица кои учествувале во насилство. Најмалку што треба да направи претседателот на владата да го предложи за разрешување и да биде разрешен“, смета Трајанов.

Министерката за внатрешни работи Јанкуловска прашањето за одговорност го префрли на друга адреса.

„Мојата надлежност е оценка на работењето на полициските службеници и на вработените во МВР, додека одговорноста и однесувањето на политичките функционери го ценат соодветните соодветните органи кои ги избрале, односно именувале и пред се’ таму станува збор за политичка одговорност“, изјави Јанкуловска.

Граѓански здруженија и политички партии повикаа на смирување со забелешка дека ваквите инциденти покажуваат колку е кревок соживотот во Македонија Професорот Пивоваров предупредува дека вчера и покрај фактот за неколкумината повредени, имаше поволна ситуација.

„Може амо едно лице да испука куршум, да има само една жртва, пролеаната крв се враќа со крв. Така настануваат се’ потешки и потешки проблеми што може дури и во голема мерка да ја дестабилизираат земјата“, смета Пивоваров.

Наследство

Зошто всушност дојде до инцидент на Калето? На познатата скопска тврдина стара 6000 година започна да се гради зграда, за која од пред една недела се дозна дека е црква - музеј.

Градбата е врз темелите на средновековна црква што датира од 13-14 век. Во петокот ноќта една поголема група со апарати за сечење железо и алатати урна дел од градбата бидејќи според нив, се става богатото наследство на сметка на православниот народ.

Археологот Василка Димитровска вели дека Калето е всушност заедничко наследство на сите генерации што живееле во Скопје:

„Со добар водич, веројатно Калето би ја раскажало најубавата прикаска за Скопје, бидејќи целиот историјат на градот всушност таму е документиран“, рече Димитровска.

Полицијата во врска со инцидентот и денеска повикуваше на информативни разговори, но пријави се’ уште нема.

Инцидентот на скопската тврдина го осудија политички партии, амбасадите на САД и на ЕУ во Македонија.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>