Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 14. Јануари 2011 - Објавено на 08:02 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Вевчанци ги ставија маските
 
Маски во Вевчани

Тие се „держава во держава“, имаат своја валута „личникот“, свои пасоши и свој посебен начин на живот, jа имаат најтоплата насмевка и наијскреното добредојде.

Велат, имаме и вино и ракија ама само до Василица - потоа купуваме. Ако некој ви кажувал нешто за нив....верувајте им, вистина е.

Така, струшкото село Вевчани и годинава го одржа традиционалниот карневал.

-„За овој ден `ер ке да биле биле, за Св. Василиј дома да се најдите.“

И оваа година гордите Вевчанци ни понудија „огледало" да се видиме какви сме сите во нашата суштина. Горди, весели и без влакно на јазикот, тие преку маските ја насликаа реалноста во која живееме.

Велија Рамковски со полициски џип, владика, традиционалниот зет и невестата, глупавиот Август и ѓаволот. И оваа година досетливите Вевчанци ги одбележаа најзначајните настани од годината која е веќе зад нас.

Според претседателката на организациониот одбор Лилјана Поповска од година во година се зголемува бројот на учесниците и посетителите:

-„Доколку карневалот продолжи да се развива со ваква динамика, тој секако ќе прерасне во вистинска туристичка атракција", додава Поповска.

Од овогодинешното издание на фестивалот се задоволни и организаторите кои велат дека концертите и уметничкиот дел од програмата привлекле големо внимание кај повеќе од 10.000 посетители.

Највесели секако учесниците. Велат дека е чест да се учествува на еден ваков фестивал:

-„Секоја година мора да има зет и невеста. Машкото се маскира како невеста. Се шета по сите куќи и се дарува невестата."

-„Маската ја подготвував повеќе од една недела."

-„Ние сме маскирани во матуранти и нашата маска е најдобра оваа година."

Посетители пак имаше од сите страни на светот:

-„Прекрасно е. За прв пат сме овде. Дојдовме посебно за карневалот."

-„Доаѓаме од САД. Ова што се случува овде е многу убаво. Ова е одлична можност за привлекување на туристи и промоција на Вевчани."

Карневалот има интернационален дух бидејќи учестуваат се' повеќе гости од странство. Досега, како што кажа, имало учесници од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Турција.

Весело и карневалско расположение ветуваат и од охридското село Куратица кое годинава по 13-ти пат ги отвори ширум вратите за посетителите за традиционалната прослава на верскиот празник Стара нова година или Василица.

Заложбите на Здружението на граѓани „Св. Василиј" се оваа манифестација да стане дел од редовната туристичка понуда на градот Охрид, вели Горан Ангеловски, претседател на Организациониот одбор на манифестацијата:

-„Се надеваме дека ќе понудиме максимум од она што го планираме. Зацртано е оваа манифестација да влезе како атракција во туристичката понуда на градот Охрид. Располагаме со мал капацитет на легла, во секое време можат да дојдат од 30 до 50 гости. Ако има заинтересирани можеме да ги сместиме, да преспијат во конаците и да го доживеат она што овде луѓето го живееле со години и векови."

За празникот обезбедени се еден тон вино и околу 300 литри ракија и четири шанкови со храна.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>