Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 29. Декември 2010 - Објавено на 12:16 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Почина маратонката Атина Бојаџи
 
Атина Бојаџи
По кусо боледување, на 66 годишна возраст почина Атина Бојаџи, легенда на македонското маратонско пливање.

Врв на нејзината спортска кариера се смета препливувањето на каналот Ла Манш во септември 1969 година. Атина Бојаџи станува првата жена од Македонија која го остварила овој успех.

На истиот ден, десет години порано и Нико Нестор го препливува Ла Манш.

Овој нејзин подвиг ќе го инспирира режисерот Александар Ѓурчинов во 1975 година да го сними филмот „Исправи се Делфина“.

Главната улога ја толкуваше Неда Арнериќ, а самата Бојаџи е еден од соработниците на филмот.

Пливачката кариера подоцна ја заменува со тренерска, најнапред во белградскиот клуб “Црвена звезда“, а потоа и во спортски центар во Лос Анџелес, САД.

 Молскавично ја загуби последната битка, но засекогаш ќе остане да се слуша последниот аплауз за нашата Атина
 
Македонски Олимписки Комитет

Атина Бојаџи беше светски шампион во маратонско пливање и повеќекратен победник на Охридскиот маратон.

Бојаџи е родена во Охрид на 13 март 1944 година.

Уште на 11- годишна возраст успева да ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки во слободен и делфин стил.

Таа беше светски шампион во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон одржан во 1962 година.

Двапати беше светски првак на слатки води, првиот пат само со 18 години со што до денес останува најмладиот шампион на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња.

Во 1962 година со испливување на патеката Капри - Наполи станува светски првак на солени води.

Во 1998 година Македонскиот олимписки комитет- МОК доделено и е признанието великан на македонскиот спорт, а во 2000 година дневниот “Утрински Весник“ ја прогласува за спортист на векот.

МОК објави дека ја загуби својата спортска легенда која во животот знаеше да се бори, победува и да слави.

Молскавично ја загуби последната битка, но засекогаш ќе остане да се слуша последниот аплауз за нашата Атина.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>