Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 13. Јули 2010 - Објавено на 15:28 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Трета опција од дијаспората
 
Пораки од дијаспората кон татковината
Пораки од дијаспората кон татковината
Македонските иселеници почнуваат поaктивно да ги искажуваат своите политички ставови.

Македонците од Австралија и Канада преку иницијатива бараат прекин на преговорите за Грција за името, додека група исленици од европските земји ќе формира своја партија во Македонија.

Раздвижувањето се случува во време кога се почесто се слуша гласини за можни превремени парламентарни избори кога за прв пат ќе гласаат и иселениците.

Политички пораки од дијаспората

Австралиско – македонскиот комитет за човекови права почна кампања со која ја повикува македонската влада да ги прекине преговорите со Грција за името под поковителство на Обединетите нации.

Во кампањата австралискиот комитет е подржан од сродната организација на Македонците во Канада.

 „Време е да и се каже на Грција преку ОН и ЕУ дека нема право да бара Република Македонија да си го смени името"
 
Ѓорѓи Влахов

Ѓорѓи Влахов од Австралиско – македонскиот комитет ги повика не само до ислениците, туку и сите Македонци од матичната земја. Иницијативата ќе ја упатат до македонската влада:

„Сите жители на Република Македонија да и кажат на Владата дека дојде крај, доста беше, трошиме време и пари сосема за ништо. Ако ги земеме во предвид законите на Обединетите нации и принципот на самоопределување, време е да и се каже на Грција преку ОН и ЕУ дека нема право Грција да бара Република Македонија да си го смени името."

Оваа иницијатива бара прекин на преговорите за името при општо познат став на Владата – дека останува фокусирана на разговорите со Грција. Тогаш каков е ефектот од оваа активност на македонските иселеници? Директорот на Агенцијата за иселеништво Васил Наумов се повика на правото секој да си го кажето мислење:

„Вие ставот на Владата го знаете – посветена е на преговорите и кога иницијативата ќе стигне Владата ќе си заземе свој став."

БиБиСи: Залудна работа на нашите иселеници?

„Па не би рекол дека е залудна работа, затоа што мислењето на граѓаните, независно дали се државјани на Република Македонија или се иселеници од Македонија е респектирано посебно од оваа Влада."

 „Вие ставот на Владата го знаете – посветена е на преговорите и кога иницијативата ќе стигне до Владата ќе си заземе свој став."
 
Васил Наумов

Група иселеници кои го минува работниот век во европските земји ќе формира своја партија во Македонија. По 40 години работа во Минхен, Германија, пензионерот Насто Палиоски е овластен да ја формира "Третата опција за Македонија 2003". Вели дека им е доста од политиката на тукашните политичари:

„Две партии финансиравме е сега повеќе не можеме, ние ќе си се финансираме самите. ВМРО од каде е, кој го финансираше ВМРО? Јас инаку бев потпретседател на Централниот задграничен комитет на ВМРО ДПМНЕ за Европа. Јас сум член, не може мене никој да ме истера од таму, никој да ме откаже. Јас сум од ветераните. "

Идејата, според Палиоски, е да создадат силна Македонија со парите од иселениците.

Се разбранува македонската дијаспора откако се направија законски измени со кои им се овозможи правото на глас на иселениците. Директорот на Агенцијата за иселеништво Наумов потврдува дека измените се по барање на нашите во странство:

„Ако тие, впрочем и не беа заинтересирани, немаше да има таква иницијатива и немаше да се пристапи кон промената на Изборниот законик. Од друга страна пак, и Република Македонија има обврска на сите свои граѓани и државјани на Репбулика Македонија да им овозможи да го остварат своето право на глас."

Неодамна министрите за правда и за внатрешни работи Михајло Маневски и Гордана Јанкуловска соопштија дека Владата побарала дипломатските претставништва да се ангажираат околу избирачкиот список во дијаспората.

Никој во државава не знае колкав е бројот на иселеници. Неофицијално се споменува бројката од 550.000 исленици во прекуокеанските земји, додека во Европа околу 300.000. Но, приближната бројка ќе се знае на следните парламентарни избори, кога иселениците ќе гласаат за три пратенички места.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>