Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 14. Јуни 2010 - Објавено на 07:24 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Победа на белгиските сепаратисти
 
Барт Де Вевер, лидер на Новата фламанска алијанса
Де Вевер вели дека системот на владеење предизвикал парализа
Партијата на фламанските сепаратисти во Белгија, Новата фламанска алијанса, ќе биде најголемата парламентарна група, покажуваат речиси целосно преброените гласови од вчерашните парламентарни избори.

НВА ќе има 27 пратеници во парламентот со 150 места, со што земјата е доближена до поделба.

Партијата, предводена од Барт Де Вевер, сака поцелосна поделба на земјата меѓу Фламанците кои зборуваат холандски јази и франкофонските Валонци.

Но НВА треба да формира коалиција со валонски партии.

Некои аналитичари веруваат дека следната влада би можеле да ја сочинуваат и до осум партии, јавува известувачот на БиБиСи од Брисел Доминик Хјуз.

Таквата коалиција би можела да го присили Де Вевер да ја намали својата фланска националистичка реторика.

„НВА денеска победи на изборите", им рече тој на своите поддржувачи по вчерашните избори, на кои неговата партија ја зголеми сопствената застапеност во долниот дом на парламентот за 19 места.

Франкофонските Социјалисти се очекува да добија шест места повеќе и вкупно да имаат 26 пратеници.

Резултатот ќе биде значителна загуба за коалицијата на премиерот Ив Летермн, сочинета од демо-христијани, Либераи и Социјалисти.

Неговата влада падна во април поради долготрајниот спор околу гласачките права на Фламанците околу Брисел, по што беа закажни избори, една година пред редовниот термин.

Одвоени животи

Поделбата која би значела крај за Белгија нема веднаш да се случи.

Белгиските влади треба да бидат составени од дво-јазична коалиција од најмалку четири партии.

Во поголем дел од јавниот и политичкиот живот во Белгија доминираат огорчени дебати околу јазикот и поделбата на јавните фондови.

Владата ја помага посиромашната Валонија, дом на четири милиони луѓе кои зборуваат француски. Тоа предизвика огорченост меѓу белгиските 6,5 Фламанци, велат известувачите.

Се до сега, сепаратистичките партии опстојуваа на работ од политичката дебата,

Но Де Вевер, 39 години, во изминативе три години ја направи својата партија една од главните, додека другите партии беа вклучени по политичкиот ќорсокак.

Белгија, мапа

Земјата се соочува и со политички проблеми и некои аналитичари велат дека Белгија не може да си дозволи долг период на неизвесност.

Во текот на последните три години, националниот дол нарасна до незамислив обем.

Односот на долгот кон бруто домашниот производ е веднаш зад оној на Грција и Италија во еврозоната, додаваат аналитичарите.

Белгија во јули исто така го презема претседавањето со Европската Унија.

Вообичаено тоа и дава на земјата поголем меѓународен профил. Но претседавањето доаѓа во незгодно време за Белгија, доколу преговорите за коалиција се одолговлечат, вели нашиот известувач.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>