Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 31. Мај 2010 - Објавено на 14:40 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Германскиот претседател поднесе оставка
 
Хорст Келер
Хорст Келер
Германскиот претседател Хорст Келер соопшти дека се повлекува од позицијата.

Оставката, која стапува во сила веднаш, следи по критиките поради неговите забелешки за вклученоста на Германија во Авганистан.

По враќањето од неговата посета на Авганистан, на почеток на месецот, тој рече дека земја која има голем извоз како Германија, мора да знае дека во итни случаи, воените интервенции се неопходни за да се заштитат патиштата на слободна трговија.

Стоејќи покрај својата сопруга, Хорст Келер рече дека жали доколку неговите коментари предизвикаа недоразбирање околу тешките праша за нацијата.

Неговите коментари предизвикаа остри критики од други германски политичари.

Ова доведе до обвинувања и срам за владата на канцеларката Ангела Меркел која се најде под силен притисок на јавноста да ги повлече своите трупи од Авганистан.

Келер минатата година беше избран за втор мандат како претседател на Германија - улога која во голема мерка е церемонијална.

Одлуката на Келер, која е без преседан, не можеше да дојде во потешко време.

Анкетите покажуваат дека поддршката за владата е најниска за четири години, главно поради начинот на менаџирање со кризата во еврозоната.

Се уште не е јасно дали наследникот на Келер ќе биде избран, но, коментарите на интернет сугерираат дека Лена, германската тинејџерка која викендот победи на изборот за песна на Евровизија може да биде најдостоен кандидат.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>