Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 21. Мај 2010 - Објавено на 08:43 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Создаден „вештачки живот“
 
Синтетичка клетка
Синтетичка клетка
Американските научници велат дека го развиле првиот синтетички организам на светот.

Во текст во магазинот „Сајанс", тимот предводен од Крег Винтер, вели дека Де-ен-ка создадена од хемикалии била внесена во бактерија од која била отстранета нејзината Дезокси-рибо-нуклеинска киселина, а организмот потоа растел и се размножувал.

Слика на клетката со хромозоми и ген

Самиот Винтер ова го нарекува „почеток на нова индустриска револуција".

Експертите ова го гледаат како чекор поблиску кон создавање вештачки живот.

Но критичарите предупредуваат дека вештачките организми може да бидат опасни доколку се пуштат во природата.

Генетски софтвер

Научниците велат дека дсоздале „генетски софтвер“ кој потоа го трансплантирале во клетка-домаќин.

Микробот што потоа почнал да живее изгледал и се однесувал како што и налагала синтетичката ДНК.

Доктор Вентер за БиБиСи рече:

-“Сега сме во сосотојба да го земеме нашиот синтетички хромозом и да го пресадиме во клетка на примачот - во различен организам. Откако новиот софтвер ќе влезе во клетката, таа го чита и се престора во вид кој е специфичен за тој генетски код."

Новата бактерија се размножила околу милијарда пати, произведувајќи копии кои го содржат и се контролирани од конструираната, синтетичка ДНК.

„Ова е прв пат синтетичка ДНК да ја има целосната контрола на клетката“ - објаснува Вентер.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>