Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 06. Мај 2010 - Објавено на 11:52 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Парламент кој „виси“
 
Зградата на британскиот парламент
Зградата на британскиот парламент
Предизборните анкети сугерираат дека има голема веројатност парламентарните избори во Британија да резултираат со парламент во кој ниту една партија нема да има апсолутно мнозинство.

Тоа значи дека ниту една партија нема да има повеќе од половина од пратеничките места во Долниот дом во Вестминстер.

Во таква ситуација, Владата, без поддршка од другите партии, нема да има доволно гласови потребни за да носи закони.

На овие избори бројот на пратенички места ќе се зголеми од 646 на 650, поради промена на границите на некои изборни единици.

Тоа значи дека за една партија да има апсолутно мнозинство ќе треба да освои најмалку 326 пратенички места.

Доколку ниту една партија не успее во тоа, ќе има немнозински парламент.

Во реалност работите не се така едноставни, бидејќи спикерот и неговите заменици, иако се членови на парламентот, сепак немаат право на глас.

Од друга страна, во досегашниот парламентаренб состав членуваа и петмина пратеници од Шин Фејн, северно-ирските републиканци, кои одбиваат да се заколнат на верност кон британската кралица, па поради тоа не можат да гласаат.

Владеачката Лабуристичка партија ќе го изгуби апсолутното мнозинство доколку изгуби 24 пратенички места.

На Конзервативците, пак, за да добијат апсолутно мнозинство треба да освојат уште 116 места во Долниот дом.

На Либерал-демократите им се потребни дополнителни 264 седишта за за сметаат на апсолутно мнозинство во парламентот.

Секој поинаков резултат ќе доведе до немнозински парламент, кој во современата британска политичка историја - нема долг живот.

Можни сценарија

Дури и да го освои мнозинството од 326 места, најголемата партија нема автоматски да добие право да формира Влада.

Досегашниот премиер Браун ќе остане на власт се' додека не се реши која партија или коалиција ќе добие најголема поддршка.

Британскиот парламент
Кој ќе влезе низ отворената врата на парламентот?

Браун може да реши да остане како премиер и да бара поддршка од помалите партии или да лобира за поддршка за секој предложен закон.

Лабуристите најпрво може да се упатат кон Либерал-демократите но не се исклучува дека и Конзервативците преговараат со нив.

Ник Клег неколку пати повтори дека партијата која ќе освои најмногу гласови треба да добие право на власт.

Ако Конзервативците немаат мнозинство, но сепак имаат јасна предност, веројатно е Гордон Браун сепак да признае пораз и да ја отстапи премиерската должност.

Во такви околности Кралицата ќе им го довери мандатот на Конзервативците кои може да продолжат како малцинска влада или да лобираат за неформални договори пред предлагањето на секој закон.

Нема формален рок за формирање на владата, но сепак клучен датум е 25 мај, кога Кралицата треба да одржи говор и да го претставни новиот парламент.

Ако дотогаш не се постигне договор, тогаш ќе мора да се одржат нови избори.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Сценарија „што ако...“
07 Мај, 2010 | Вести
Решавачки прашања
06 Мај, 2010 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>