Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 21. Април 2010 - Објавено на 14:25 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Почина Хуан Антонио Самаранч
 
Х.А. Самаранч, Жак Рог
Самаранч (л) беше наследен од Жак Рог
На 89 годишна возраст почина Хуан Антонио Самаранч, човекот кој 21 година го предводеше Меѓународниот олимписки комитет.

Неговиот мандат беше одбележан со голем подем на Олимпијадите, но и со најголемиот корупциски скандал.

Само основачот на модерните Олимписки игри, Пјер де Кубертен, беше претседател со Меѓународниот олимписки комитет подолго од Самаранч кој на должноста дојде во 1980.

Тогаш МОК беше речиси банкротиран - во неговиот мандат Игрите станаа огромен комерцијален успех.

Самаранч донесе големи телевизиски и други спонзорства, учество им беше дозволено на професионалните атлетичари, а Игрите стануваа се' попопуларни.

Но во ерата на Самаранч имаше и политички бојкот како и скандал со купени гласови за Зимската олимпијада во Солт Лејк сити, кој доведе до разрешување или оставки на шест членови на Комитетот.

Тој призна дека тоа е најцрниот ден за МОК, но не прифати лична одговорност.

Самаранч замина во 2001, но дури и како пензионер продолжи со своето влијание во олимпиското движење.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>