Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 16. Април 2010 - Објавено на 16:01 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Несогласувања за погребот на Качински
 
Многу луѓе оддадоа почит пред претседателската палата
Одлуката полскиот претседател Качински да биде погребан во замокот Вавел во Краков ги подели луѓето во Полска.

На улиците излегоа демонстранти кои велат дека трагичната смрт на претседателот сепак не го прави доволно вреден за тој да почива до полските кралеви, херои и државници.

Качински и неговата сопруга беа меѓу 96-те луѓе кои загинаа во авионска несреќа во западна Русија минатата сабота.

Секој ученик во Полска знае дека богато украсената катедрала во Вавел веќе седум века е местото каде што полските кралеви и кралици биле крунисувани и погребувани.

Таму лежат и државници и воени лидери кои се бореле против поделбата на Полска меѓу Германија и Русија.

И шестгодишните деца кои ја посетуваат катедралата, ги рецитираат нивните имиња.

Па дури и на оваа возраст децата знаат дека Лех Качински и неговата сопруга Марија ќе имаат свое место меѓу кралските гробници. Тука е закопан и генералот кој ја водеше полската влада во егзил во Лондон.

Во 1943 година, генерал Шикорски ја обвини Москва дека го наредила масакрот во Катин, систематското убиство на 22 илјади полски офицери и интелектуалци.

Неколку месеци подоцна, неговиот авион се урна покрај Гибралтар под мистериозни околности.

Генералот Владислав Шикорски
Шикорски беше премиер на емигрантската влада

Некои луѓе направија споредба со минатонеделната несреќа, но многу Пољаци сепак беа трогнати од изливот на руски сочувства.

Марта Вајгл е водич низ катедралата, па ја прашавме - дали претседателот Качински, конзервативен политичар, сомничав кон Русија и Германија - навистина заслужува да биде погребан веднаш до полските херои?

-„Тој беше вистински патриот. Направи многу добри работи за нашата историја, и е многу важен за мојата генерација и моето семејство. Затоа што двајца браќа на дедото на мојот спруг, биле убиени во Катин.“

Но не се сите среќни со решението на католичката црква и семејството на Качински.

Околу 40 илјади луѓе се зачленија во група на интернет сајтот „Фејсбук“, која се противи на идејата.

Најголемиот полски филмски режисер кој сними филм за масакрот во Катин, вели дека Лех Качински беше добар човек, но неговиот погреб во Краков ќе предизвика најголема поделба на полското општество по падот на комунизмот.

А со приближувањето на јуни, кога Пољаците треба да изберат нов претседател, нивната поделеност веројатно ќе се продлабочува.

Но секако секој полски патриот би бил горд од парадоксалното наследство на Лех Качински - неочекуваното стоплување на односите со Русија како резултат на споделената тага по трагедијата.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>