Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 15. Април 2010 - Објавено на 11:24 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Вулканска пепел ги затвора аеродромите
 
Мапа на облакот

Вулканска ерупција на Исланд предизвика хаос во воздушниот сообраќај низ големи делови од северна Европа.

Поради страв дека вулканската пепел може да ги оштети авионските мотори, Британија го затвори целиот свој воздушен простор, освен за итни летови.

Данска го затвори својот простор над Северното море, и вели дека до крајот на денот ќе го затвори и останатиот воздушен простор.

Сериозно нарушување на летовите има низ цела Скандинавија.

Метеоролозите велат дека пепелта навлегла во воздушната струја над северна Европа и ќе продолжи да се движи во југо-источна насока.

Летови

Нарушувањата започнаа во текот на ноќта кога аеродромите во Шкотска ги прекинаа сите активности.

Пепел од исландскиот вулкан
Пепел од исландскиот вулкан

Како што облакот со прашина пловеше кон југ, така се слушуваа серијата затворања на аеродромите или делумно стопирање на летови во северна Европа, во Норвешка, Финска и Шведска.

Се верува дека облакот од прав е на височина меѓу шест и единаесет километри од земјата.

Авионите вообичаено можат да летаат низ облаци, но ова е различно.

Од ерупцијата над глечерот во регионот на Ејафјалајокул се создаде облак од ситни парченца камен, стакло и прав.

Ова може да ги погоди ветробраните на авионите и да ја сопре работата на млазните мотори кога тие вцицуваат воздух во внатрешните комори за согорување на горивото.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Пепелта-опасна за авионите
15 Април, 2010 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>