Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 08. Април 2010 - Објавено на 16:59 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
„Внатрешна работа“
 
Собири во Киргистан
Немирите почнаа како економско незадоволство
Мајкл Хол од институтот „Отворено општество" е специјалист за средно-азиските држави и вака ја анализира состојбата во Киргистан:

Хол: Ова е главно внатрешна работа. Очигледно, соседните земји ќе набљудуваат што се случува, а исто така и глобалните сили како Соединетите држави и Русија, кои имаат свои стратегиски интереси во областа, ќе бидат доста загрижени. Но засега нема многу показатели дека ова ќе се прошири вон границите на Киргистан, особено ако состојбата набрзо се стабилизира.

БиБиСи: Но како немирите се одразуваат врз можните етнички врски во средна Азија?

Хол: Се чини дека засега не постои вистинска етничка димензија во овој судир. Ова е главно резултат на долго внатрешно политичко вриење и спор меѓу претседателот и група политичари од опозицијата кои последниве четири години, со многу мал успех, се обидуваа да го натераат да се повлече или да направи отстапки. Да се гледа природата на овој судир од етнички агол не е сосема исправно.

БиБиСи: Но ако народите на Узбекистан, Таџикистан... видат што се случува, дека владата може да се промени или барем разниша, дали ова сепак придонесува за натамошна нестабилност во регионот?

Хол: Веројатно, до одреден степен. Но сепак во Киргистан имаше некои аспекти на политичката состојба кои беа единствени за регионот. Ова е земја во која граѓанството беше најактивно, најангажирано, и се одделуваше од другите земји во регионот. Постои загриженост, која доведе до судирот, а која народот се' повеќе ја чувствуваше последниве години, дека некои аспекти на владиното раководење се сметаа за нефер од многумина. Мислам дека тоа доведе до тековната состојба. Слични прашања има и во другите земји во областа, и тие влади секако треба добро да размислат како ќе реагираат на овие прашања и колку се транспарентни и одговорни. Чувството за недостиг на одговорност придонесе за состојбата во Киргистан.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Бројни судири во Киргистан
07 Април, 2010 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>