Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 07. Април 2010 - Објавено на 15:47 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Бројни судири во Киргистан
 
Бишкек, Киргистан
Се пренесуваат сведоштва дека е пукано врз луѓето
Владини претставници во Киргистан велат дека во судирите меѓу полицијата и анти-владините демонстранти во главниот град Бишкек, убиени се 17 луѓе, а околу 140 се ранети.

Безбедносните сили почнаа да пукаат врз демонстрантите, а владата прогласи вонредна состојба.

Демонстрантите во Бишкек, како и во градовите Нарин и Талас, се обидоа да заземат владини згради.

Во Талас, двајца владини министри се земени како заложници, а едниот од нив, министерот за внатрешни работи, е тешко претепан.

Премиерот Данијар Усенов вели дека одговорните за немирите во Талас се криминалци.

Гневот на демонстрантите избувна откако се покачија цените за енергија.

Тие го обвинуваат претстедателот Курманбек Бекиев за неуспех да ја совлада корупцијата.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун, им се придружи на другите меѓународни организации во повизите за смирување на ситуацијата во Киргистан.

Претходно, американската амбасада во Киргистан изрази длабока загриженост поради немирите.

Соединетите држави имаат воздушна база во Киргистан за поддршка на воените операции во Авганистан предводени од Американците.

Руската влада исто така повика на воздржаност од употреба на сила.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>