Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 31. Март 2010 - Објавено на 08:22 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Поголеми надежи за Македонски Брод
 
Македонски Брод

„Да има повеќе работа и се' ќе биде како некогаш.“

Ова се очекувањата и на граѓаните и на локалната власт во Македонски Брод, град во југозападниот дел на Македонија.

Иако трета по големина, општината има малку жители поради масовното иселување во последните две децении транзиција.

Изобилува со недопрена природна убавина која е адут за развој на руралниот туризам.

Воздухот е - просто човек да се најаде.

Густата борова шума и чистата околина го прават Македонски Брод своевиден резерват во кој како се’ уште да доцнат ефектите од индустријализацијата и глобализацијата.

Овдешните жители се среќни поради тоа, ама, велат од убавина не се живее:

-„Потребно е да има повеќе реакреација и забава за младите.“

-„Барам работа тука, не планирам да се иселам. Ако сум се иселувал до сега ќе сум го направел тоа.“

-„За младиве да има поголемо вработување. Инаку животот им е добар, имаат кафулиња, спортска сала.“

-„Се’ му треба на Брод. Му треба и инфраструктура, му треба и развој на туризмот, оти ова место е само за тоа предодредено“, велат неколкумина жители на Македонски Брод.

Туризам

И локалните власти се согласуваат дека руралниот туризам е големата шанса за економска преродба на овој регион.

Градоначалникот Милосим Војнески

Градоначалникот Милосим Војнески, кој на ланските локални избори доби и втор мандат, се надева на инвестиции од иселениците од овој крај кои почнале да се враќаат:

-„Имаме во едно село тука, Девич, мотел. Еве прва година помина, успешно работи и почесто е посетуван од странски гости. Тоа е пример како може да работи едно семејство, повратници од Данска.“

Годинава, според Војнески, би требало овој регион да се поврзе со Скопје со директен асфалтиран пат покрај вештачкото езеро Козјак што, како што се оценува, ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи.

Вработувања

Фабриката за столови и маси е еден од трите капацитети кои ја намалуваат невработеноста во овој град која според официјалните бројки сега е 30, а само пред две години била 40%.

Овој месец со нови сопственици од Чешка, се очекува да проработи и некогашниот гигант, фабриката за оружје и муниција Сувенир од Самоков.

-„Нешто се подобрува, нешто не.“

Има ли перспектива за младите во Македонски Брод?

-„Тешко, тешко, перспектива“, смета вработен во дрвната фабрика.

Неговиот директор вели дека ја почуствувале економската криза, но немало отпуштање работници:

Пилана во Брод

-„Се надеваме дека пролетниот период нешто ќе тргне на подобро затоа што ние исклучиво работиме за угостителство“, изјави за БиБиСи Петко Стојаноски.

Училиште

Во средното училиште „Климент Охридски“, група граѓани дебатираат што е приоритет за Македонски Брод.

Во рамките на проектот „форум на заедниците“, швајцарската влада донира пари за локален развој, а жителите одлучуваат за што ќе бидат искористени.

Сите мисли се насочени кон едно: Македонски Брод да се врати онаму каде што застана со распадот на поранешна Југославија.

За почеток, добар знак е што е запрено иселувањето.

Примерот на повратниците од Данска, кажува дека овој регион дава можности да се случи и обратен процес.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Крушево се преродува
12 Март, 2010 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>