Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 29. Март 2010 - Објавено на 07:07 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Ден на жалост во Русија
 
Итните служби пренесуваат тело на загинат
Итните служби пренесуваат тело на загинат
Во Русија почна денот на жалост по вчерашниот двоен напад од бомбаши-самоубијци во московското метро, при што загинаа 38 луѓе.

Наскоро се очекуваат првите погреби на жртвите.

Дописникот на БиБиСи во Москва вели дека и натаму е засилено обезбедувањето во градот, поради страв од нов бран напади.

Властите веруваат дека нападите се извршени од бунтовници од северно-кавкаскиот регион.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, повика на уште посилна меѓународна соработка во борбата против глобалната-терористичка мрежа, како што ја нарече.

Тој зборуваше на самиотот на Ге-8 во Kанада, по што американскиот државен секретар Хилари Клинтон рече дека светот се соочува со заеднички непријател.

Утрински метеж

Руските безбедносни служби сметаат дека дека две жени - бомбаши самоубијци ги извеле одвоените напади во московското метро.

Меѓу жртвите се патници од возовите, но и некои кои чекале на пероните.

Се' уште никој не ја презеде одговорноста за нападите, но шефот на Федералното безбедносно биро изјави дека бомбите се најверојатно дело на исламски бунтовници од северен Кавказ, што ги вклучува Чеченија и Ингушетија.

Рускиот премиер Владимир Путин го прекина патувањето кон Сибир и се врати во Москва.

Тој рече дека ќе се стори се за да се пронајдат и казнат одговорните криминалци и оти терористите ќе бидат уништени.

Претседателот Медведев вчера нареди посилни безбедносни мерки и рече дека Русија до крај ќе се бори со тероризмот:

-„Политиката на задушување на теророт во нашата земја и борбата против тероризмот ќе продолжи. Ќе продолжиме со операциите против тероризмот без воздржување се до неговиот крај" - рече Медведев.

Првата детонација се случи во централната станица „Лубјанка", под штабот на руската државна безбедносна служба, каде загинаа повеќе од дваесет лица.

40 минути потоа, втора експлозија одекна на станицата „Парк на културата", каде наводно загинале барем 14 луѓе.

Нападнатите станици од метрото
Нападнатите станици од метрото

Ова е најтежок напад во Москва од 2004, кога наводно чеченски сепаратисти подметнаа бомба во воз, од која загинаа најмалку 39 лица.

Истражителите велат дека веќе пронашле остатоци од жена за која се верува дека го извршила вториот напад.

Реакција на властите

За тоа како ќе реагираат властите во Москва, зборува Андреј Килмов, член на Меѓународниот комитет на руската Дума:

Килмов: -Се согласувам со преземените активности. Претседателот Медведев се среќава со врвот на полицијата и специјалните служби, а состојбата е под контрола. За жал ова не е прв пат и имаме искуство со вакви состојби. Тие се обидуваат да го привлечат вниманието на почетокот од пролетта и летото.

БиБиСи: Дали ќе има воена интервенција слична на онаа во Чеченија во 90-тите?

Килмов: -Состојбата сега е сменета. Ова не е провокација за чеченска војна, ова е друга приказна. Ова се поинакви луѓе. Мислам дека се работи за обид на нова генерација терористи да го привлечат вниманието на спонзорите пред летниот период.

БиБиСи: На кои спонзори мислите?

Килмов: -Можам да именувам некои гранки на Ал-Каида, ако сакате.

БиБиСи: Дали обвинувате странски влади?

Килмов: -Не, не зборувам за официјални претставници. Мислам дека зборуваме за група фанатици, дел од нашата меѓународна заедница кои преферираат решавање на нивните проблеми преку вакви акции.

Врски со Чеченија?

Дописникот на БиБиСи од Москва вели дека во минатото, за самоубиствени напади беа обвинувани исламистички герилци кои се борат за независност на Чеченија.

Во февруари, чеченскиот герилски лидер Доку Умаров предупреди дека зоната на воени операции ќе се прошири на територијата на Русија и дека војната доаѓа и во руските градови.

Московското метро е едно од најголемите на светот и дневно го користат околу пет и пол милиони патници.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Сомнеж кон џихадистите
29 Март, 2010 | Вести
Македонци во Москва
29 Март, 2010 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>