Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 11. Март 2010 - Објавено на 17:32 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Ганиќ ослободен со кауција
 
Босна
Босна
Поранешниот претседател на Босна, Ејуп Ганиќ, е ослободен со кауција од британски суд, откако беше уапсен на аеродромот Хитроу на почетокот од месецов.

Ганиќ беше притворен по барање на Србија, која го обвинува за вклученост во убиството на југословенски војници во текот на Босанската војна во 1992-та.

Адвокатите на Ганиќ велат дека тој е жртва на политички мотивиран лов на вештерки.

Високиот суд во Лондон реши дека Србија не доставила доволно докази за да се оправда притворот.

Судот наложи Ганиќ да живее на точно определена адреса во Лондон и редовно да и се јавува на полицијата.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>