Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 09. Март 2010 - Објавено на 16:32 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Обама „позитивно одговори“ околу кризата во Грција
 
Јоргос Папандеру, Хилари Клинтон, Вашингтон
За САД, Грција е „вреден и доверлив“ партнер
„Претстедателот Барак Обама одговори позитивно на повиците да им се застане на патот на берзанските шпекуланти“ - соопшти грчкиот премиер Јоргос Папандреу по разговорите во Вашингтон.

Папандреу додаде дека американскиот претседател покажал поддршка за Грција и дека прашањето ќе биде на агендата на следниот состанок на Групата 20.

Грција ги обвини берзанските шпекуланти за влошување на нејзината економска криза, која веќе предизвика сериозна загриженост во Европската Унија.

Папандреу во понеделникот разговараше со американскиот државен секретар Хилари Клинтон.

На заедничката прес конференција по средбата, Клинтон рече дека Грција ја има клучната улога во промоцијата на економските можности, стабилноста и демократијата на Балканот.

„Завршувањето на задачата на интеграција на балканските земји во евро-атлантските институции е основно за регионалната стабилност и развој и ние ја пофалуваме Грција за нејзината водечка улога во придвижувањето кон таа цел“, рече Клинтон.

Таа ја опиша Грција како вреден и доверлив партнер, а додаде и дека знае оти претседателот Барак Обама со нетрпение ја очекува средбата со премиерот Папандреу.

Папандреу одговори дека сака да го види Балканот стабилен.

Тој потсети на неговата идеја земјите од Западниот Балкан да станат дел од Европската Унија до 2014-та, доколку за тоа ги исполнат бараните услови.

„Тоа е важно за стабилизирање на поширокиот балкански регион“, рече грчкиот премиер.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>