|
Суперсила - моќта на интернетот!
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
Денеска ја почнуваме серијата посветена на интернетот. Ја нарековме „Супер-сила“, бидејќи тој ги смени нашите животи.
Се навршија дваесет години од неговата појава. Според светско испитување на „Глоубскан“ за Светскиот сервис на БиБиСи, четири петини од луѓето го сметаат интернетот за основно човеково право. Јасно е дека многумина го сакаат она што сметаме дека интернетот може да го даде. Но што е тоа? Пред дваесет години, тивок британски инженер дојде до момент на промена на светот. Тим Бернерс Ли го довршуваше проектот кој ќе стане „светски широка мрежа" или „world wide web".
Како што и самиот призна, никој не го предвидуваше неговото значење. БиБиСи започна серија на радио, телевизија и интернетот со која ја анализира оваа иновација и како таа ги смени нашите животи. Ова е шанса да се повлечеме малку од супербрзите промени во изминативе две децении и да размислиме до каде стигнавме и до каде ќе одиме. За дел од нашата публика, мрежата можеби стана секојдневие. За други, се уште е неистражена територија. Без оглед на вашето искуство, се надеваме дека серијата на БиБиСи ќе открие нераскажани приказни и ќе даде нова перспектива. Серијата ја нарековме „Супер-сила“, фраза која мисламе дека е одглас на друте случувања во изминативе две децении. Тогаш падна „железната завеса“ и завршија моќните односи кои доминираа во втората половина од 20-от век. Светските суперсили се сменија, а се појавија нови, со нова структура на моќ. Мрежата израсна во такви околности - всушност почна нов пејсаж. Серијата „Супер-сила“ е шанса да се испитаат овие промени и да се согледа ползата: кој ја поседува ново-пронајдената моќ? |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Суперсила- Стив Балмер, Microsoft08 Март, 2010 | Вести
Суперсила- Марта Лејн Фокс, Lastminute08 Март, 2010 | Вести
Суперсила- Сем Питрода, изумител 08 Март, 2010 | Вести
Суперсила- интернет револуција08 Март, 2010 | Вести
Суперсила- Плус и минус за интернет мрежата08 Март, 2010 | Вести
Суперсила- Замислете го денот без интернет!08 Март, 2010 | Вести
Интернетот и македонските гимназијалци17 Март, 2010 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||