|
ММФ: „Грчката криза нема да се прелее“
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
Шефот на Меѓународниот монетарен фонд ја отфрли можноста грчката должничка криза да се пренесе и на другите земји кои го користат
еврото, a во моментов имаат долгови.
Доминик Строс Кан, за агенцијата „Ројтерс“ изјави дека луѓето може да се плашат со се', но евро-зоната се справува со проблемот на Грција и нема причина кризата да се прелее во Шпанија или Португалија. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во моментов е во обиколка низ неколку земји за да бара помош за плановите на неговата влада за справување со кризата. Евро-фонд Во меѓувреме, Германија и Франција размислуваат за основање нова, европска верзија на Меѓународниот монетарен фонд, за да им помогнат на земјите од Европската Унија кои се соочуваат со долг. Засега нема многу детали, но германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, рече дека Европскиот монетарен фонд ќе има слични механизми со ММФ - советодавна улога за економската политика и давање итни заеми. Известувачот на БиБиСи вели дека германската поддршка за Европски фонд се чини беше поттикната од грчката финансиска криза. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Протестите во Грција не стивнуваат05 Март, 2010 | Вести
Нов штрајк во Грција 05 Март, 2010 | Вести
„Продадете ги островите!“04 Март, 2010 | Вести
Грчкиот план за спас влезе во третата рунда03 Март, 2010 | Вести
Нов пакет антикризни мерки за Грција03 Март, 2010 | Вести
Дали Германија ќе ги плаќа сметките на Грција?02 Март, 2010 | Вести
Грчко- германско препукување26 Февруари, 2010 | Вести
Каква иднина за еврото?12 Февруари, 2010 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||