|
Протестите во Грција не стивнуваат
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
Во главниот град на Грција имаше нови судири при протестите против планираните економски мерки на владата.
Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите кои се обидоа да влезат во парламентот. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во меѓувреме во Берлин се среќава со германската канцеларка Ангела Меркел од која бара помош. Ова беше најсериозната неволја која ја зафати Атина откако почнаа грчките финансиски проблеми. Насилни протести Демонстрантите се обидоа да влезат во парламентот каде што социјалистичките пратеници ја следеа партиската линија и го искористија своето мнозинство за да ги одобрат мерките за економски спас на земјата. Тие влетаа по скалите кон зградата но нападнати со солзавец мораа да се повлечат. Млади луѓе со качулки врз главите ги нападнаа церeмонијалните стражари кои стојат пред парламентот. Лидерот на главниот синдикат беше нападнат додека и се обраќаше на насобраната толпа и веднаш по тоа беше однесен в болница. За време на судирот полицијата испука гас и кон Манолис Глецос, еден од старите левичари кој има околу 85 години. Глецос е еден од најпочитуваните фигури во Грција поради неговите активности за време на Втората светска војна кога се искачи на Акропол и го отстрани знамето со нацистичката свастика за време на нацистичката окупација. Тој денеска беше однесен повреден од плоштадот „Синтагма“. Мнозинството се противи на мерките Насилството дивееше додека една сондажа на јавното мислење покажа дека 90% од Грците се приотив замрзнувањето на пензиите, зголемувањето на даноците и намалувањето на платите. Повеќето луѓе исто така веруваат дека спроведувањето на мерките ќе биде проследено со социјални немири. Сега кога парламентот ги запечати владините предлози, јавноста може да направи многу малку за да ги смени работите. Но овој лидер на синдикат не мисли така - расположението на улиците се вжештува. Двата главни синдиката за следната недела повикаа на генерален штрајк кој треба да одговори на прашањето: дали судирите пред парламентот денеска, се само предигра на она што треба да следува? |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Нов штрајк во Грција 05 Март, 2010 | Вести
„Продадете ги островите!“04 Март, 2010 | Вести
Грчкиот план за спас влезе во третата рунда03 Март, 2010 | Вести
Нов пакет антикризни мерки за Грција03 Март, 2010 | Вести
Дали Германија ќе ги плаќа сметките на Грција?02 Март, 2010 | Вести
ЕУ со нови барања од Грција01 Март, 2010 | Вести
Грчко- германско препукување26 Февруари, 2010 | Вести
Нови работнички штрајкови во Грција24 Февруари, 2010 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||