|
Нов штрајк во Грција
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
Синдикатите кои ги претставуваат половина од работниците во Грција денес повикаа на штрајк, како протест поради владините
остри мерки за штедење.
Портпарол изјави дека - наместо да ја сопрат финансиската криза во земјата, новите мерки ќе ја зголемат невработеноста, ќе го задушат развојот и ќе ги скратат социјалните програми. Дописникот на БиБиСи јавува дека синдикатите ја обвинуваат владата дека не успева мерките да ги насочи кон оние што одбегнуваат плаќање данок и кон богатите. Денеска во Грција се очекуваат нарушувања во превозот, и откажани авионски летови. Папандреу во Берлин Во Берлин грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска се очекува да се сретне со германскиот канцелар Ангела Меркел - на разговори фокусирани на грчката финансксика криза. Дописниците на БиБиСи јавуваат дека треба да бидат решени неколку дилеми. Папандреу многу би сакал да се врати од Берлин со ветување од Меркел дека ќе биде обезбедена финансиска помош за Грција, доколку земјата не може да ги собере парите што и' требаат од финансиските пазари. Но Меркел е доста колеблива. На гласачите во Германија не им се допаѓа идејата да бидат искористени пари од даноците што тие ги плаќаат.
А има и страв дека спасувањето една земја може да ги охрабри другите да го очекуваат истото и како резултат - да не водат доволна контрола врз нивните владини финансии. Папандреу презеде мерки за самиот да се справи со проблемот. Во средата тој обелодени дополнителни чекори за собирање данок и намалување на трошоците, кои силно ги погодуваат вработените во јавниот сектор - но можат да го намалат ризикот од неопходна помош за Грција. Вчера, пак, неговата влада тргна кон финансиските пазари - за да позајми пари за излез од кризата. Но сепак, загриженоста не е надмината. Во текот на следните неколку месеци Грција ќе треба да зајми уште пари - вкупно околу 70 милијарди долари за годинава. Тоа секако ќе биде полесно, и поефтино , доколку има некој што ќе вети помош од земјите кои го користат „еврото" посебно од Германија. Папандреу сугерираше дека можеби ќе се обрати и до Меѓународниот монетарен фонд. Но другите земји од евро-зоната тоа нема да го поздрават и ќе го сметаат за знак дека тие самите не се во сосотојба да си ги решат проблемите. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
„Продадете ги островите!“04 Март, 2010 | Вести
Дали Германија ќе ги плаќа сметките на Грција?02 Март, 2010 | Вести
Грчкиот план за спас влезе во третата рунда03 Март, 2010 | Вести
Нов пакет антикризни мерки за Грција03 Март, 2010 | Вести
Нови работнички штрајкови во Грција24 Февруари, 2010 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||