|
„Продадете ги островите!“
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
Двајца центро-десни парламентарци во Германија денеска за еден весник рекоа дека Грција може да собере повеќе пари за да излезе
од кризата ако продаде дел од својот имот, вклучувајќи и дел од своето историско наследство.
Во интервју за Би Би Си тие рекоа дека ги дале предлозите за да поттикнат на дебата за Грција да си помогне самата. „Продадете си ги островите, вие банкротирани Грци- и Акропол продадете го исто така"- ова е денешниот наслов во германскиот весник Билд. Ова можеби звучи како некој дневен сон предизвикан од премногу узо, но овој предлог го дадоа двајца високи политичари во најголемата европска економија. Едниот е Јозеф Шларман, шеф на влијателниот бизнис клуб на Демо-христијаните, а другиот Франк Шефлер, парламентарец и финансиски експерт на Слободните демократи. И двајцата за Би Би Си потврдија дека настојуваат да иницираат дебата за тоа што Грција би можела да го направи за да си помогне себе си и да го поттикне ослабнатото евро. Оние кои се соочуваат со проблемот на несолвентност, вели Шларман мора да продадат се што можат за да им исплатат на своите кредитори. Тој ја советуваше канцеларката Меркел да не ветува никаква финансиска помош кога ќе се сретне со грчкиот премиер Јоргос Папандреу в петок во Берлин. Според една сондажа на јавното мислење, објавена денеска, 84 проценти од Германците сметаат дека Унијата не треба да и помогне на Грција да излезе од кризата. Во сините води на Егејот земјата го има дел од својот највреден имот- шест илјади острови, од кои само 220 се населени. Многу од нив се во приватна сопственост на дел од супер богатите луѓе на планетава. Според една специлјализирана веб страничка за недвижнини, грчките острови привлекуваат луѓе кои сипуваат шампањ во огромни јахти. Некои од овие острови чинат и само два милиони долари. Релативнио евтини, вели страничката.....освен се разбира ако не сте Грк. |
||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||