Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 03. Март 2010 - Објавено на 08:54 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Грчкиот план за спас влезе во третата рунда
 
Протест во Атина
Синдикатите во Грција остро се противат на плановите на владата во Атина
Грчката влада за кусо време траба да одржи состанок на кој се очекува одобрување на трет бран на кратење на потрошувачката и на зголемување на даноците Претходно премиерот Јоргос Папандреу ја поврза буџетската

Kриза со воена состојба и рече дека неговата земја е на работ на банкрот. Европската Унија ја притисна Грција да преземе дополнителни остри мерки за да ги подобри финансиите.

Во земјата против плановите веќе штрајкуваат повеќе синдикати.

Состанокот на кабинетот следи откако беше објавена вистинската длабочина на фискалната криза со која се соочува земјата.

Речиси е сигурно зголемување на данокот на промет за два процента, дека цените речиси сигурно е уште едно поскапување на нафтата и дериватите и сигурно е дека луксузната стока ќе подлегне на посебен третман.

Но она што останува нејасно е дали владата ќе го направи она што го бара Европската Комисија- да ги отстрани бонусите за годишен одмор кои им се даваат на јавните службеници.

Јоргос Папаконстантину
Министерот за финансии Јоргос Папаконстантину

Иако владата ја прифаќа неизбежноста на дополнителното кратење на буџетот, сепак некои министри, предупредуваат дека кратењата мора да бидат праведни.

Синдикатите пак предупредија дека кратењата на бонусите би значеле објава на војна.

Грчкиот министер за финансии рече дека очекува Комисијата веднаш да одговори на предлозите кои ќе ги изготви владата.

Повеќето аналитичати велат дека Брисел ќе ги одобри овие мерки за да ги смири берзите.

Владата треба да позајми милијарди долари за ги исплати долговите за април и мај.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>