Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 03. Март 2010 - Објавено на 15:59 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Нов пакет антикризни мерки за Грција
 
Масовни протести во Атина (слика од февруари 2010)
Владата на Грција објави мерки на штедење вредни шест и пол милијарди долари.

Ова е трета нејзина интервенција откако на виделина излезе длабочината на должничката криза.

Со мерките се предвидува замрзнување на пензиите, зголемување на данокот на продажба и намалување на платите во државната администрација.

Пензионерите во Атина демонстрираа против реформите.

Но шефот на Европската kомисија Жозе Мануел Баросо, го поздрави соопштението, велејќи дека плановите се важни за стабилноста на пошироката евро-зона.

Синдикатите гневни

Итните мерки на штедење можеби ја задоволија Европа и финансиските пазари, но тие ги разгневија грчките синдикати и лево ориентираните политичари.

Шефот на синдикатот на цивилниот сектор, кратењето на платите и порастот на даноците ги опиша како неправедни, еднострани и без преседан.

Неговиот колега од главниот синдикат во приватниот сектор изјави дека се согласува со владата дека некои мерки треба да се преземат, но мисли дека оние кои беа објавени од кабинетот се социјално неправедни.

Лидерката на влијателната Комунистичка партија последните финансиски мерки ги опиша каком срамни. Таа ја повика работничката класа да се крене против Европската унија и меѓународните пазари.

Опозициската Конзервативна партија, која беше обвинета од Европската комисија дека ја фалсификувала официјалната статистика додека била дел од владата, е загрижена дека покачувањето на даноците ќе ја задушат економијата и ќе го спречат економското закрепнување.

Но што ако овие последни кратења не се однесуваат на проблемите со избегнувањето на плаќањето на даноци и корупцијата.

Според „Транспаренси интернешнел“, сумата пари која Грците ја им ја дале на властите како поткуп се искачила од 68 милиони долари минатата година до повеќе од милијарда годинава.

Се тврди и дека меѓу најкорумпираните се вработените во болниците, во урбанизмот и даночниците.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>