Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 02. Март 2010 - Објавено на 08:34 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Дали Германија ќе ги плаќа сметките на Грција?
 
Ангела Меркел
Дали Меркел ќе посегне подлабоко во џебот?
Германскиот канцелар, Ангела Меркел, изјави дека европската единствена валута, еврото, се соочува со најтежок период од воведувањето пред една деценија - и тоа поради грчката должничка криза.

Според Меркел, засега нема одлука за финансиска помош, но сепак постојат знаци дека Европа се ближи до договор за помош кон Грција, јавува дописничката на БиБиСи за европски прашања, Оана Лунџеску:

Мезе и мусака

Во еден од најпопуларните грчки ресторано во западниот дел на Берлин, гостите се фокусирани на нивното мезе или мусака, залиени со чашка или две узо. Очиглдно уживаат во храната.

Но што мислат за тоа што Грција ги закашка работите, а Германија да ги плати сметките?

„ Во целата Европска Унија има многу земји со многу проблеми. Па финансиски да се помогне само една - не е решение. Унијата треба да помогне за да го спаси еврото. Но на невработените луѓе во Германија тешко е да им се објасни зошто Грците се пензионираат на 63 години, а Германците на 67“ - вели еден од гостите во ресторанот.

Друг, пак додава: „Ние сме заедница во Европа, па ако еден партнер има проблеми, како Грциоја во моментов, мора да помогнеме. Можеби по пет години ние, Геманците, ќе бидеме во таква мака, и ќе се надеваме на помош од другите. “

Сопственикот на ресторанот, Димитрис Каранфилидис, би се напил во чест на ова. Тој е роден и израснат во Берлин, а неговите родители откако се пензионираа се вратија во Грција.

Тој може да го види проблемот од двете страни:

„ Оваа криза е проблем на Грција, а не на Германија. Но јас мислам дека треба да се помогне, зашто доколку Грција пропадне, цела Европа ќе пропадне. Проблеми имаат и Шпанија, Португалија, Ирска...“

Тест за еврото
тест за еврото

Тест за еврото

Канцеларот Ангела Меркел во интервју во неделата рече дека грчката криза е тест за стабилноста на еврото како никогаш до сега:

„Еврото е во најтешката фаза од создавањето. Затоа е толку важно да бидеме свесни за фактот дека од една страна се работи за нашата заедничка валута, но од друга - за потребата да се отстранат причините за невољите уште во коенот. А коренот е во високиот грчки дефицит и изгубениот кредибилитет“.

Меркел не ги исклучи мерките за помош за Грција, но негираше дека ќе се трошат пари од даночните обврзници.

Една неодамнешна сондажа покажа дека 71 отсто од Германците се против финансиско спасување на Грција.

Може да се нарече и судир на култури, но Германците се големи штедачи, а не големи трошачи.

И откако колебливо ветија 600 милијарди долари за спас на сопствените банки и компании, тие не гледаат зошто треба да посегнат уште подлабоко во сопствениотт џеб за да ја спасат Грција која се расфрлала.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>