Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 05. Февруари 2010 - Објавено на 15:03 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Украина меѓу Јанукович и Тимошенко
 
Јанукович и Тимошенко
Тимошенко го нарече Јанукович „плашливец“ оти вчера одби да се појави на телевизиски дуел
Двајцата кандидати за следен претседател на Украина денеска ги одржуваат последните митинзи во главниот град Киев.

Огорчената кампања меѓу премиерот Јулија Тимошенко и нејзиниот лут соперник Виктор Јанукович ќе заврши со гласањето в недела.

Зошто се важни овие избори?

Од тоа кој ќе биде победник на неделните претседателски избори во Украина ќе зависи и патот по кој ќе продолжи да се движи државата барем во среднорочната иднина.

Ако победи лидерот на опозицијата, Виктор Јанукович експертите предвидуваат дека повторно би можеле да се обноват силните релации со Русија кои беа прекинати со Портокаловата револуција во 2004-та.

Доклоку победа оствари актуелната премиерка, Јулија Тимошенко, тогаш отворена е можноста Украина дури и да се ориентира кон Европската Унија и НАТО.

Сите политички фактори тука се согласни дека најважно од се е изборите да минат во фер и демократска атмосфера, што ќе и донесе на Украина позитивен извештај од меѓународните набљудување на ОБСЕ и ОДИХР, а со тоа и ќе и се зајакне угледот на демократска држава.

Тоа, според набњудувачите би ножело да помогне и во привлекувањето на нови странски инвестиции.

Како течеше кампањата?

Како се приближува денот на изборите, така борбата за гласови станува се пожестока.

Важно прашање за кое се зборува во во украинската јавност е на кој начин Украина ќе го добие новиот претседател?

Се разбира сите се надеваат дека новиот претседател ќе биде изгласан преку фер и демократски избори.

Но во Киев се зборува за можноста и од протести. И ова не е без основа. Разликата помеѓу двајцата кандидати по првиот круг беше 10%. Со оглед на тоа дека сега само двајцата се во игра, може да се очекува и предноста на Јанукович да се стопи а конечниот исход да биде тесен.

Главна битка меѓу двата кандидати деновиве се води за пакетот амандмански измени на изборниот законик што ги предложи Јанукович, а актуелниот претседател Јушченко ги прифати.

Со контроверзните измени се поништува потребата од излезност од две третини на територијалните и општинските изборни комисии кои ќе одлучуваат за регуларноста при броењето на гласовите.

Потегот на Јанукович ја натера Тимошенко да се закани со втора Портокалова револуција.

За неа дури и нема сомнеж дека ќе се повтори 2004-та ако овие спорни измени се применат на денот на изборите, затоа што со тоа, според неа, би се нарушила регуларноста на изборниот процес.

Иако познавачите на поличичката систуација во Украина до пред некој ден беа убедени дека не е можно да се случи нова портокалова револуција, сега никој, не може да предвиди што се може да се очекува ден по изборите во оваа поранешна советска република.

Кој се смета за фаворит?

Прашањето кој ќе победи е далеку од решено. Според предноста од 10% од првиот круг, фаворит за иден претседател на Украина е Виктор Јанукович. Но, тоа може лесно да се стопи оти во вториот круг има само двајца кандидати.

Ако мерењата се покажат како вистинити, прва задача што ќе си ја зададе од претседателската фотеља е симнување од власт на актуелниот премиер, и негов противкандидат, Тимошенко и тоа преку формирање на ново мнозинство.

Ако не успее да обезбеди уште само еден пратеник, колку што му е потребно да го стори тоа, ќе распише предвремени парламентарни избори.

Во меѓувреме се очекува да биде силно притиснат да ги исполни ветувањата за милијарди евра странски инвестиции, намалување на таксите и двојно зголемување на пензиите.

Ако Тимошенко стане нов претседател на Украина, таа најави ново коалициско мнозинство со партијата на третиот претседателски кандидат од првиот круг, Сергеј Тигипко, на кого ќе му ја понуди премиерската фотеља.

Во меѓувреме, Тимошенко најави дека ќе работи на примарниот план - распишување референдум со кој ќе се смени уставот на Украина за да може извршата власт од кабинетот на министри да премине во рацете на претседателот на државата.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>