|
Слаба искористеност на ИПА фондовите
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
На Македонија и’ се на располагање средства од предпристапната помош наречена ИПА, но и од други фондови за поддршка.
Тие се наменети за унапредување на администрацијата и економски развој на домашните компании - за да можат да се соочат со конкуренцијата. Но се смета дека ниту државата ниту компаниите знаат како да дојде до овие пари. Претпристапната помош на Европската унија, средства од Европската банка за обнова и развој, но и други фондови, како и во останатите фондови за помош, лежат неискористени средства наменети за Македонија и нејзино достигнување на европските стандарди. До средината на годината беа искористени само една третина од 40-те милиони евра од ИПА наменети за јакнење на институционалните капацитети, за што забелешка упати и Европската комисија. Економскиот аналитичар Герман Филков вели дека цели 3 години неискористени стојат и парите за рурален развој: -„Достапен на Македонија од 2007, не се повлекуваа пари заради инстуционална неподготвеност, и сега мора да работиме нешто за во 3 години да го повлечеме она што е на располагање 6 години. Апсорпциската моќ да се повлечат тие пари е невозможно да се оствари." Програмите опфаќаат и пари наменети за малите и средни компании кои што се 90-постотни носители на економската активност во државата во која има една третина невработено население. Она што загрижува е дека и од кај нив велат дека и покрај бројните обуки, не се подготвени да ја подготват потребната документација, да направат план со кој што ќе може да земат дел од овие средства.
-„Кога немате конкретен пример за изработка на таков проект за добивање, а тоа е голема празнина во знаењето", вели Горан Рафајловски од „Рафајловски консалтинг“. Компанијата na Славко Наумовски се интересира кога ќе има директна, кредитна помош: -„Нема конкретни ефекти, корист да речеме во смисла на вистинска помош." А конкретно, парите од програмата на ИПА за фирмите ќе бидат достапни од следната година, а на помош ќе се пуштат и кредити од Европската банка за обнова и развој. Државата вели дека се подготвува заедно со експертите и деловната заедница за да се создадат услови за подобро искористување на средствата за компаниите. Според министерот за економија, Фатмир Бесими, компаниите постојано се информираат како да ги искористат фондовите: -„Во таа насока е и програмата за конкурентност и иновативност на ЕУ каде што преку македонската банка за поддршка на развојот и европскиот инвестициски фонд ќе можат нашите компании да аплицираат со нивни проекти." Иако дел од општините со децентрализацијата користат дел од средствата за регионална соработка, развој и конкурентност, аналитичарот Филков вели дека ниту општинските администрации се подготвени, ниту компаниите се интересираат доволно за искористување на парите. Иако компаниите и преку учество во проектите имале добивка од проектите наменети за развој на инфраструктурата финансирани од ИПА, со самото учество на тендерите, бизнис аналитичарот Висар Адеми не смета дека бизнис заедницата не би требало да се потпира на парите од грантови или кредитни линии: -„Најдобрата формула е да се кои се потребите на потрошувачите, па да се подигне тој капацитет да се подигне уделот на пазарот, да бидат конкурентни во извозно ориентирани пазари, а не да се користат странски фондови." |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Достапност на ИПА фондовите во Македонија18 Ноември, 2009 | Вести
Како до ИПА фондовите?17 Ноември, 2009 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||