|
Населението порасна на седум милијарди
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Новиот извештај од Фондот за население на Обединетите нации вели дека спречувањето на порастот на населението може да биде
критично важно за борбата против климатските промени.
„Состојбата на светската популација 2009“ вели дека подобреното планирање на семејството и промената на улогата на жените би можело да влијае и на текот на климатските промени во иднина. Улогата на порастот на населението долго беше контроверзна, кога станува збор за расправата за причините и решенијата за климатските промени. Сега за прв пат, Фондот за население на Обединетите нации го потенцира ова прашање во годишниот извештај, фокусирајќи се на улогата која ја играат луѓето во зголемувањето на температурите и во другите последици како резултат на ова. Бројот на луѓето на планетата сега изнесува близу седум милијарди - и се очекува да порасне на околу девет милијарди до средината на овој век. Забавување на растот, се вели во извештајот, ќе придонесе за значително намалување на емисиите на штетните гасови во иднина. Жените се најподложни на климатските промени и според ОН, тие се со поголема веројатност да умрат во природни катастрофи, отколку мажите. Подобрувањето на нивната улога во однос на планирањето на семејството и на економскиот раст ќе биде важно оружје во борбата против глобалното затоплување. Друга грижа на Фондот за население на ОН, е влијанието на климатските промени на миграцијата. Според Тораја Ахмед Обаид, извршен директор на овој фонд мора да се направат планови за да се се даде првенство на овие движења. -„Кога се фокусираме на луѓето, ние исто така, треба да погледнеме на можните движења поради поплави или суши или ако морето ги покрие градовите покрај брегот. Така што ние би сакале да имаме контролирани движења до други места, а не хаотични." Авторите на извештајот велат дека секој договор што ќе произлезе од разговорите за климата во Копенхаген следниот месец мора да ги земе во предвид населението и родовите прашања, доколку сака да успее на долг рок. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Сиромаштијата во Авганистан „причина за војната“18 Ноември, 2009 | Вести
Како да се прехранат милијарда гладни?16 Ноември, 2009 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||