|
Истрага за убиствата во воената база во Тексас
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Во Соединетите држави тече истрага околу убиствата извршени вчера од офицер во воената база во Тексас.
Убиени се 12 војници и еден цивил откако мајорот Нидал Малик Хасан, инаку воен психијатар, отворил оган во медицинскиот центар а потоа бил ранет од жена-полицаец. Воен портпарол рече дека мајорот Хасан и повеќето од ранетите се во стабилна состојба во болницата и дека е прерано да се открие мотивот за постапката. Тој потврди дека мајорот Хасан, кој е Муслиман, наскоро требало да биде префрлен во Авганистан. Негови колеги велеа дека тој не бил задоволен од наводно расно малтретирање. Претседателот Барак Обама рече дека е страшно што војниците се убиени на американско тло, и вети целосна истрага. Тој сепак побара да не се избрзува со заклучоците околу мотивот на постапката. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Кој е мотивот за нападот?06 Ноември, 2009 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||