|
Петок, 6 ноември
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ГАРДИЈАН на насловната пишува дека во таен извештај за Иран се вели оти во зејата се вршени проби на дизајн на напреднати
нуклеарни глави.
Во текстот кој се најавува како ексклузивен, весникот вели дека контролно тело на Обединетите нации стравува дека Техеран веќе ги има клучните компоненти за ставање бомби во проектили. Ова тело сега од Иран бара да ги објасни доказите кои сугерираат дека иранските научници вршеле вакви експерименти, дознава ГАРДИЈАН. Нерешителност на Обама „Растат фрустрациите околу фаталната нерешителност на Обама" - гласи насловот во денешен ИНДЕПЕНДЕНТ. Додека Гордон Браун ја брани британската мисија во Авганистан, Соединетите Држави се под притисок да се решат околу стратегијата, пишува весникот. Обама е под се’ поголем меѓународен притисок да донесе решение брзо, заради раширениот страв дека во неговата агонија, трагајќи по стратегија, тој би можел да направи опасен пресврт, додава весникот. Сексуално воспитување За ТАЈМС денес сосема поинаква тема заслужува да се најде на насловната страница: „Задолжителни сексуални часови за сите над 15 години" - пишува весникот. Сексуалното образование ќе стане задолжително за сите ученици, што предизвика бес кај верските групи. Тие велат дека чекорот е спротивен на правото, децата да се воспитуваат во согласност со верата на нивните родители. Но властите додаваат дека учениците кои од верски или морални причини ќе бидат спречени да присуствуваат на наставата - ќе се сметаат за бегачи од часови, и можеби ќе бидат казнети! |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||