|
„Не се опуштајте околу свинскиот грип“
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Светската здравствена организација предупреди да не дојде до опуштеност околу свинскиот грип.
Зборувајќи во Женева, доктор Кеиџи Фукуда, од одделот за пандемии, рече дека не треба да се смета дека вирусот Ха1-Ен1 е еднаков на сезонскиот грип. Свинскиот грип прв пат беше забележан само пред седум месеци - а сега според Светската здравствена оргазниација е присутен насекаде низ светот. Сега тој е доминантен вид, во споедба со вирусите на сезонски грип. Добрата вест, вели доктот Фукуда, е тоа што од сите стотици илјади случаи, најголемиот број пациенти закрепнуваат без посебни третмани. Но и покрај тоа, тој вели дека свинскиот грип мора да се земе зериозно: -„Фактот дека повеќето луѓе закрепнуваат, ги натера некои да шпекулираат дека ова е доста блага ситуација, и не се работи за пандемија. Но ние во Светскта здравствена организација и натаму сме прилично загрижени околу урнекот кој се повторува, кога доаѓа до многу сериозни компликации, па и смрт. И тоа најчесто кај луѓе помлади од 65 години“ - вели Фукуда. Засега не е јасно зошто помладите луѓе, особено бремените жени, се во најризичната група. Додека бројот на заразени расте, организацијата сака да ја убеди јавноста околу постојната вакцина, и покрај сомничавоста во некои земји. Тие велат дека според сите докази - вакцината е безбедна и доста ефикасна за заштита на групите со висок ризик. Во меѓувреме, аналитизите покажуваат дека вирусот и натаму останува многу сличен на видот што за прв пат беше идентификуван минатиот април, но Светската здраветвсена организација вели дека очекува тој да се менува во текот на ширењето. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||