BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 06. Ноември 2009 - Објавено на 17:13 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Четири децении од серијата „Улицата Сезам“
 
„Улицата Сезам“ слави 40 години постоење.
„Улицата Сезам“ слави 40 години постоење.
Американската телевизиска емисија за деца „Улицата Сезам" овој месец прославува 40 години постоење во кои ги учеше децата во цел свет како да читаат, бројат, некои други корисни работи и сето тоа со убав хумор.

Нашиот дописник се сретна со главните куклени ликови на њујоршката сцена каде беа снимени 4000 епизоди.

На „Улицата Сезам" го одбројуваат 40-от роденден, но, на сцената се прават проби како и обично.

Кучето ја украде буквата И, па Елмо и Те-ве-чудовиштето треба да ја вратат бидејќи сценаристите го наполнија текстот со зборови кои почнуваат на И.

Додека буквата да се најде, милиони деца ќе знаат повеќе вакви зборови, ќе знаат за другарувањето но и правилата на хуморот.

Формулата не е многу сменета уште од 60-те години.

На пример, „Гуменото пајче" е песна за капењето, но, и лекција за личната хигиена, вели Каролин Паренте, извршниот продуцент, која додава дека шоуто сепак претрпело измени во сиве овие години:

-„Првата сезона имавме многу поплаки дека го скусуваме вниманието кај децата бидејќи емисијата беше брза и ги имитираше кусите реклами. Но се откри дека токму рекламите го задржуваа вниманието на децата па тоа и беше експериментот на емисијата.“

„Улицата Сезам" денеска е светски бренд и се емитува во 120 земји.

Во Јужна Африка има кукла која е носител на вирусот на СИДА и нејзина цел е да ги научи децата на толеранција, но, и на загуби на блиски луѓе.

Затоа, следниве денови неизбежно ќе се зборува за бројот на емисии и освоени пазари, но во земја во која последниве 40 години семејствата прилично се растурија, некои работи не можат да се измерат.

Да се воздигнат срцата и да се запали фантазијата понекогаш е доволно.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност