|
Петок, 6 ноември
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дел од денешните теми во македонскиот печат е предлогот од Словенија, „шенген-зоната“ десетина дена порано да се отвори за
граѓаните од Македонија, од Србија и од Црна Гора.
Во ДНЕВНИК се додава дека „Процедурата во Унијата предвидува ваквата препорака да добие зелено светло во Европскиот парламент, најверојатно на 13 ноември, а потоа ќе се чека одлука од Советот на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на Унијата, што се одржува на 30 ноември и на 1 декември. Одлуката би стапила во сила по 15 дена" додава ДНЕВНИК. Нимиц ја има топката УТРИНСКИ ВЕСНИК пишува за најавата за нова рунда македонско-грчки преговори и насловува „Топката за името пак кај посредникот Нимиц.“ „Изјавите и потезите од македонската страна навестуваат дека сака пренасочување на преговорите со Грција од посредништво во директни. Како пример се користи словенечко-хрватскиот модел во решавање на спорот, иако токму тоа - до Советот на министри да се примени сценариото на Словенија и на Хрватска, т.е. да се постигне договор дека двете страни ќе се договорат - од ЕУ е отфрлено како преседан што нема да се повтори во случајот на Македонија", додава УТРИНСКИ. ВРЕМЕ на истата тема насловува „Прифатен предлогот на Нимиц преговорите да продолжат до крајот на месецов. На предлогот ’Северна’ му се крои употребата“, повикувајќи се на извори вклучените во преговарачкиот процес. Рецесијата трае НОВА МАКЕДОНИЈА во делот за економијата го опишува буџетот за следната година, па вели „Новиот буџет под знакот на 2%“. „Буџетски дефицит од 2,5% од БДП, раст од 2% и инфлација и пораст на вработеноста од 2% - ова се клучните параметри на буџетот за 2010, кој што следната недела ќе се најде пред пратениците. Рецесијата не е пребродена и ваквото сценарио е преоптимистичко, треба да се преземат големи чекори на штедење, а такво нешто не се предвидува со новиот буџет“, ги пренесува весникот експертите. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||