|
Македонија со поголем буџет за 2010
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владата предлага буџет што е за околу три и пол проценти поголем од овој во 2009 година и вели дека тоа ќе биде развоен буџет.
Владата планира идната година најмногу да троши за образование, за здравство и за земјоделие, а зголемена е и ставката за капитални расходи. На сметка на тоа, владата вели дека ќе троши помалку. Идната година нема да има нови вработувања во јавната администрација ниту зголемување на платите на административците. Министерот за финансии Зоран Ставрески вели дека буџетот е реален: -„Предложениот буџет за 2010 е реален и развоен. Второ, предложено е намалување на јавната потрошувачка и подобрена структура на јавните расходи.“ За идната година владата предвидува раст на бруто-домашниот производ од 2% и ист толкав процент на инфлација. Опозицијата се уште не го има разгледано буџетот за да направи анализа на проценките на Владата, но како што вели Зоран Јовановски од СДСМ, клучни се три аспекти: -„Прво, колку се реални претпоставките дека ќе се остварат буџетските приходи кои се предвидени, за што ќе бидат наменети буџетските расходи и третата работа што ќе сакаме да ја видиме е од каде ќе се финансира буџетскиот дефицит.“ Владата планира дефицит од два и пол насто, што ќе го покрива со домашно и странско задолжување. Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека оценките на Владата за 2010 година се преоптимистични: -„Прогнозата за растот не им е реална. Министерот за финансии го објави процентот, но даде многу слабо образложение на што го базира оптимизмот за раст од 2%. Имајќи ги предвид движењата во 2009 година, Македонија не може да очекува таков пресврт: од -2% годинава, на +2% идната година. Тоа е 4% подобра состојба идната година.“ Хајредини додава дека до година не може да се очекува раст на македонската економија заради две причини: прво, затоа што предвидува дека парите нема да одат во стопанството и второ, затоа што странските инвестиции се замрени. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||