BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 05. Ноември 2009 - Објавено на 08:20 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
ОН привремено повлекуваат луѓе од Авганистан
 
Ковчег со телото на загинат припадник на ОН
Нападот беше извршен минатата седмица
Обединетите нации привремено ќе преместат 600 вработени од Авганистан поради загриженост за нивната безбедност.

Сместувањето на вработените се испитуваше откако петмина од нив минатата недела загинаа во нападот на еден меѓународен пансион.

Нападот врз приватниот пансион „Бехтар“ беше најтешкиот врз ОН во Авганистан од падот на режимот на Талебан во 2001.

Портпарол на светската организација во Кабул изјави дека овие 600 претставуваат речиси половина од вкупниот број странци вработени во Обединетите нации, и дека ќе бидат префрлени во соседните земји.

Тој рече дека тие ќе се вратат кога безбедноста ќе биде зајакната и дека вработените од Авганистан ќе продолжат да ги извршуваат важните задачи.

Шефот на мисијата на ОН во Авганистан Кај Ејде, на денешната прес-конференција одрече дека ова е евакуација.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност