 |
|
| Укинувањето веќе беше предложено, но од 1 јануари 2010 |
Словенија вчера во европските институции предложила укинување на визите за жителите на Македонија, Србија и Црна Гора уште
на 19-ти декември.
Портпаролот на словенечкото министерство за надворешни работи рече дека се’ уште претсојат некои процедури во Европскиот парламент.
-„Ние не гледаме проблем со тоа и визите ќе бидат укинати пред божиќните празници", рече портпаролот Урош Маковец.
Тој уште додаде дека никој не се спротивставил на предлогот и оти може да се очекува дека визите ќе бидат укинати на 19-ти
декември.
Европската комисија веќе препорача укинување на визите од 1 јануари 2010-та, но со словенечкиот предлог, државјаните на Македонија,
Србија и Црна Гора „би добиле божиќен подарок“.
|