BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 05. Ноември 2009 - Објавено на 08:29 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
ЏМ отпушта, „Тојота“ во профит
 
Мапа на погоните на „General Motors“ во Европа
Германските синдикати за денеска свикаа штрајк во фабриките на „Опел" како протест против решението на американскиот сопственик „Џенерал моторс" да се откаже од плановите за продажба на европските филијали.

Пресвртот предизвика шок и лутина во Германија, чија влада понуди заеми од 6 милијарди долари за да ја поттикне продажбата на фабриките на канадската компанија за резервни делови „Магна".

Лидерот на опозициските Социјал-демократи Фран Валтер Штајнмаер го осуди потегот на американската компанија-мајка.

Синдикатите стравуваат дека сега може да се затворат два погони на „Опел" во земјата.

„Џенерал моторс" очекува во Европа да отпушти околу десет илјади од вкупно 50 илјади работници.

Профит за „Тојота“

Најголемиот произведувач на автомобили на светот, јапонска „Тојота", одново забележа профит по седум месеци загуби.

Компанијата објави чист профит од 240 милиони долари во второто тримесечје од годинава.

Дописниците јавуваат дека јапонските произведувачи ја подобриле ефикасноста и ги намалиле трошоците за да се спротистават на штетниот подем на јенот.

Вчера „Тојота" објави дека се повлекува од автомобилските трки „Формула-1".

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност