|
Државјанство за четврт милион деца во Грција
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Новата социјалистичка влада на Грција вети дека ќе додели државјанства за четврт милион деца на доселеници мигранти.
Активистите за човекови права долго се жалеа дека неможноста да им се доделат пасоши на деца родени во Грција, е дискриминаторски пропис. Но за да се подобри меѓународниот углед сега има промена на владините политики. Промената на политиката е последна владина иницијатива насочена да го избрише лошиот меѓународен углед на Грција кон третманот на доселениците и се совпаѓа со меѓународната конференција за миграција која се одржува во Атина. Мигранти од Бангладеш, чекорат пред грчкиот парламент во анти-расистички протест. Тие одат веднаш зад доселениците од Гана кои бараат на нивните деца да им биде дадено грчко државјанство. Се проценува дека повеќе од една десетина од популацијата на земјата е составена од имигранти. Повеќето од нив во земјата извршуваат едноставни работи кои Грците ги презираат. Сепак со години, на нивните деца кои се овде родени и немаат друго државјанство, одземена им е можноста да се интегрираат. Самуел Томас кој доаѓа од Гана вели дека ова е неправедно. Но, сега има надеж за неговите деца. Владата вели дека е нереално децата родени и образувани овде да не можат да добијат грчко државјанство. Ќе се донесат нови закони кои, ќе ја поправат тоа што еден министер го нарече - нееднаквост. Од промените, најголема добивка ќе имаат децата на Албанците, кои овде се најбројни доселеници. Но, со се повеќе Африканци и Азијати кои се доселуваат во Грција земјата почна да го менува својот лик. Секако, промената на политиката не значи дека владата целосно ги отвора вратите. Се планира да се депортираат илјадници нелегални мигранти кои се лишени од слобода, но има обиди ова да се ублажи со мали парични казни. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||