|
Иванов го покани Папуљас во Македонија
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов го покани грчкиот колега Каролос Папуљас да дојде во Македонија.
Поканата за официјална посета Иванов и’ ја врачи на грчката амбасадорка во Скопје Александра Пападополу со која во претседателската резиденција на Водно разговараше еден час. Во поканата до Папуљас, Иванов пишува дека како први луѓе на двете соседни земји, со оваа посета ќе дадат силен импулс за јакнење на добрососедските односи. Уште во текот на изборната кампања Иванов најави дека ако биде избран за претседател ќе иницира средба со Папуљас како дел од напорите да се дојде до компромис за спорот што двете земји го имаат околу употребата на името Македонија. Ова е второ барање за директна средба меѓу високи македонски и грчки претставници. Минатата недела во Брисел, очи в очи се сретнаа премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу. Мирјана Малеска од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања вели дека ова се позитивни сигнали во македонско-грчките односи по долг период на куртоазни средби и блиц-комуникација: -„Овие сигнали се надеж дека грчката позиција ќе смекне. Лично, мислам дека разрешувањето на овој спор ќе оди во две фази.“ Барањето за средба Иванов - Папуљас се случува во време кога Македонија е под силен домашен и меѓународен притисок да го затвори проблемот со името за да може да ги одблокира евро-атлантските интеграции. Паралелно со пораките на меѓународната заедница, доаѓаат и пораките од партиите на етничките Албанци кои велат дека се залагаат за што поскоро решавање на спорот.
Аналитичарот Ким Мехмети вели дека притисокот е задоцнет: -„Политичарите и го потрошија времето на Македонија, она разумно време кога требаше да се реши овој проблем и сега се доведени пред свршен чин: или веднаш или никогаш.“ Грчкиот државен врв, кој има единствена позиција околу евентуалното решение, јасно стави на знаење дека без да се реши прашањето за името, Македонија не може да се надева на датум за преговори со Европската унија. Но, останува прашањето дали е можно проблемот кој трае со децении да се затвори до почетокот на декември кога Унијата ќе решава дали на Македонија да и’ се даде датум за почеток на преговори: -„Не ми изгледа така, макар што ова се позитивни сигнали со кои како да се шири некоја лажна надеж. Но, притисокот е така ужасен, особено од страна на албанските политички партии, што бездруго, премиерот Груевски смета дека некоја надеж треба да му даде на народот, но не ми се верува дека ќе успеат да донесат одлука до рокот кој што ни стои на располагање“, вели Малеска. Македонската опозиција вели дека ќе го поддржи секое решение што ќе го гарантира идентитетот и јазикот на нацијата, а власта инсистира дека за евентуалното решение мора да се изјаснат граѓаните на референдум. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
„Што поскоро решавање на спорот за името“03 Ноември, 2009 | Вести
БиБиСи: Иванов за името29 Октомври, 2009 | Вести
Премиерот Груевски се сретна со Солана28 Октомври, 2009 | Вести
За името и на средбите во Брисел?27 Октомври, 2009 | Вести
Атина за идната надворешна политика 23 Октомври, 2009 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||