|
Матурските во Данска - преку интернет!
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Од повеќето ученици од средните училишта кои ги полагаат нивните матурски испити, се очекува да ги пишуваат нивните одговори
на старомоден начин, со пенкало и хартија.
Неколу земји им дозволуваат на учениците да користат компјутери, но во Данска отидоа чекор понапред - им дозволуваат пристап до интернет! Ова е прва земја во светот што го прави тоа. Но, како можат да ги спречат измамите? Во едно училише во јужно предградие на Копенхаген почнува неделата на тест-испити. Учениците ќе ја полагаат вистинската матура во јуни и повеќето се надеваат дека ќе се запишат на факултет. Тие ги поставуваат „лап-топите“ и нервозно ги чекаат прашалниците. Учениците полагаат данска литература и им беше кажано дека можат да користат интернет за да одговорат на било кое од четирите прашања. Ова училиште е едно од 14-те каде се применува ваквата практика која ќе стане национална во 2011. Сани Смит е раководител на проектот: -„Ако сакаме да бидеме современо училиште и да ги учиме на нешта кои се релевантни во современиот живот треба да ги научиме како да користат интернет. Ако не го користиме нема да бидеме многу ефикасни." Учениците можат да посетуваат било кој сајт, но не смеат да си испраќаат пораки еден на друг, ниту на некој однадвор. Има тројца надгледувачи, но тие не можат да забележат дали некој ученик само копирал од некоја страница или му го испратил електронски прашањето на пријател. Па како може тоа да се спречи? -„Главната претпазливост е дека им веруваме. Поминуваме доста време објаснувајќи им што ќе правиме ако ги фатиме дека лажат. Последиците се дека тие можат да бидат избркани од училиште." Професорите тука велат дека природата на прашањата ги прави измамите тешки. Од студентите веќе не се бара да повторуваат факти и бројки, туку да ги разгледаат и анализираат информациите. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||